Прескокни до содржина
BLU-RAY DISC™ И DVD ПЛЕЕРИ

Blu-ray Disc™ плеер со зголемување на резолуцијата до 4К и вграден Wi-Fi®

BDP-S6500

Слика од Blu-ray Disc™ плеер со зголемување на резолуцијата до 4К и вграден Wi-Fi®
Слика од Blu-ray Disc™ плеер со зголемување на резолуцијата до 4К и вграден Wi-Fi®
Слика од Blu-ray Disc™ плеер со зголемување на резолуцијата до 4К и вграден Wi-Fi®
Слика од Blu-ray Disc™ плеер со зголемување на резолуцијата до 4К и вграден Wi-Fi®
Слика од Blu-ray Disc™ плеер со зголемување на резолуцијата до 4К и вграден Wi-Fi®

Брзо проследување, 4K острина

Вградениот Super Wi-Fi кај BDP-S6500 и наменскиот чип за зголемување на резолуцијата до 4K овозможуваат појасно гледање содржини од интернет со побрз одзив и слики со богати бои и природни детали. Без разлика дали се работи за стандардни Blu-ray содржини или услуги за проследување од интернет, бидете сигурни дека овој плеер ќе извлече максимум од сите содржини кои ги гледате.

Репродукција во 4K

Прилагодено зголемување на резолуцијата до 4K

Нашиот чип за зголемување на резолуцијата до 4K е создаден да ги извлече најситните детали кај Blu-ray дисковите и да ги подобри премногу компресираните содржини на интернет за да ви овозможи најдобро доживување при гледањето.

Формати за компресија без загуби

Реалистичен звук како во кино

Уживајте во сите мали детали на оригиналната снимка со јасен и реалистичен опкружувачки звук со Dolby® TrueHD и DTS-HD.

DLNA

Споделување во домот преку DLNA

DLNA ви овозможува да споделувате мултимедиски содржини помеѓу сите поддржани уреди во домот.

Приближете ја секоја слика поблиску до 4K квалитетот

Уживајте во реална и јасна слика со зголемување на резолуцијата до 4K

Влезете во нова ера на домашно кино. Нашиот чип за зголемување на резолуцијата до 4K е дизајниран да го зголеми квалитетот на сликата кај Blu-ray и онлајн содржините, збогатувајќи ја секоја сцена со богатите и природни детали на 4K.

Full HD 3D

Потполно уживање

Задлабочете се во Full HD 3D

Уживајте во сите ваши 3D Blu-ray филмови со Full HD квалитет кога ќе се поврзат со секој телевизор кој поддржува 3D. Освен тоа што нуди поголема реалистичност и јасност за сите ваши 3D Blu-ray Disc филмови, овој Blu-ray Disc плеер ги претвора 2D видеоснимките во симулирано 3D за да обезбеди зголемена длабочина и подобри детали во сликите на екранот.

Бои кои стануваат реалистични

Внесете реалистичност во гледањето со широката и живописна палета на TRILUMINOS™ боите, кои се ексклузивни за Sony. Оптимизирани за употреба со TRILUMINOS телевизори, прекрасните црвени, нијансите на сина вода и смарагдно-зелените нијанси кои тешко се репродуцираат се прикажуваат на прекрасен начин, правејќи ги пејзажите пореалистични.

Професионално намалување на шумот на IP содржини

Слика со поголема јасност

Уживајте во слика со подобрен квалитет кога ги проследувате омилените содржини од интернет. Нашата комбинација на технологии за слика создава подобар контраст, текстури и дефиниции на бои за да добиете навистина префинета слика.

Целата ваша забава на едно место

Уживајте во брзо и стабилно проследување од различни услуги, како YouTube™, Netflix и многу други. BDP-S6500 нуди проследување во Full HD од компатибилни извори и посилен сигнал - дури и на работ од опсегот на вашата безжична мрежа.

Супер Wi-Fi

Посилен сигнал со супер Wi-Fi

Дизајнот со повеќе антени и предното позиционирање на модулот со чип овозможува максимална јачина на сигналот, за да уживате во рамномерно проследување на видео записи и брзо пребарување.

Miracast

Погледнете го вашиот паметен телефон на голем екран

Со Miracast™ ќе можете да го споделувате целиот екран на паметниот телефон - вклучувајќи ги омилените апликации, игри, фотографии, видеоснимки и музика - на вашиот телевизор.

Помалку чекање, повеќе гледање

Беспрекорно ракување

Со нашето интуитивно мени и интерфејс, апликациите и функциите се организирани на едноставен и интелигентен начин за да можете секогаш да го пронајдете тоа што го барате.

Попаметен начин за контролирање

Користете таблет-уред или паметен телефон (Android или iOS) за да го контролирате Blu-ray плеерот и дознајте повеќе за содржините кои ги гледате со апликацијата TV SideView.

TV SideView
Извонредно брз почеток

Извонредно брз почеток

Започнете со гледање на омилените филмови веднаш, со брзо вклучување кое трае помалку од секунда.

Процесор со двојно јадро

Процесор со двојно јадро

Уживајте во побрзо проследување, побрзо вчитување и појасна репродукција со моќниот процесор со двојно јадро.

USB за приклучување и користење

USB за приклучување и користење

Приклучете USB уред во предниот USB приклучок за да репродуцирате слики преку телевизорот.

Спецификации и функции
Вградениот Super Wi-Fi кај BDP-S6500 и наменскиот чип за зголемување на резолуцијата до 4K овозможуваат појасно гледање содржини од интернет со побрз одзив и слики со богати бои и природни детали. Без разлика дали се работи за стандардни Blu-ray содржини или услуги за проследување од интернет, бидете сигурни дека овој плеер ќе извлече максимум од сите содржини кои ги гледате.
  • Зголемување на резолуцијата до 4K Ultra HD

  • Уживајте во прекрасна слика со можноста за 3D

  • Брзо проследувајте онлајн содржини преку вградениот Super Wi-Fi

  • Директна контрола преку вашиот паметен телефон со TV SideView

  • Процесор со двојно јадро за побрзо функционирање

Репродукција
Да
Влезни и излезни приклучоци
HDMI излез 1 (заден), коаксијален аудио излез 1 (заден), USB влез 1 (преден), приклучок за етернет 1 (заден)
Вграден Wi-Fi®
Да (2,4GHz)

Што има во пакетот

Далечински управувач, батерии (тип AAA x 2)

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина