Прескокни до содржина
Слика од 3D Blu-ray Disc™ плеер со вграден Wi-Fi®
Слика од 3D Blu-ray Disc™ плеер со вграден Wi-Fi®
Слика од 3D Blu-ray Disc™ плеер со вграден Wi-Fi®
Слика од 3D Blu-ray Disc™ плеер со вграден Wi-Fi®

Откријте свет на забава

Со вградениот супер Wi-Fi на BDP-S5500, може да ја пребарувате најдобрата онлајн забава на голем екран. Рамномерното и брзото споделување ви овозможува да уживате во содржини на интернет со помалку прекини и подобар квалитет на слика. Подобрените и стандардните 3D Blu-ray филмови се подеднакво реалистични и во Full HD 3D за подобро доживување при гледањето.

Blu-ray репродукција, 3d blu-ray плеер, домашно кино со blu ray

Репродукција на Blu-ray содржини

Гледајте ги омилените 2D и 3D Blu-ray Discs™ дискови со извонредни детали.

Квалитет на звукот

Звук со врвен квалитет

Уживајте во сите мали детали на оригиналната снимка со јасен и реалистичен опкружувачки звук со Dolby® TrueHD и DTS-HD.

DLNA

Споделување во домот преку DLNA

DLNA ви овозможува да споделувате мултимедиски содржини помеѓу сите поддржани уреди во домот.

Потполно уживање

Задлабочете се во Full HD 3D

Уживајте во сите ваши 3D Blu-ray филмови со Full HD квалитет кога ќе се поврзат со секој телевизор кој поддржува 3D. Освен тоа што нуди поголема реалистичност и јасност за сите ваши 3D Blu-ray Disc филмови, овој Blu-ray Disc плеер ги претвора 2D видеоснимките во симулирано 3D за да обезбеди зголемена длабочина и подобри детали во сликите на екранот.

Бои кои стануваат реалистични

Внесете реалистичност во гледањето со широката и живописна палета на TRILUMINOS™ боите, кои се ексклузивни за Sony. Оптимизирани за употреба со TRILUMINOS телевизори, прекрасните црвени, нијансите на сина вода и смарагдно-зелените нијанси кои тешко се репродуцираат се прикажуваат на прекрасен начин, правејќи ги пејзажите пореалистични.

Посилен сигнал со супер Wi-Fi

Комбинацијата од дизајн со повеќе антени и предното позиционирање на модулот со чип овозможува максимална јачина на сигналот, со што ќе уживате во рамномерно проследување на видео записи и брзо пребарување.

Super Wi-Fi, Blu-ray плеер со Wi-Fi®
Пресликување на екран

Погледнете го вашиот паметен телефон на голем екран

Гледајте и споделувајте содржини од паметниот телефон на вашиот телевизор. Со Miracast™, ќе можете да гледате фотографии, видеоснимки и музика на голем екран.

TV SideView

Попаметен начин за контролирање

Користете таблет-уред или паметен телефон (Android или iOS) за да го контролирате Blu-ray плеерот и дознајте повеќе за содржините кои ги гледате со апликацијата TV SideView.

Извонредно брз почеток, Blu Ray

Извонредно брз почеток

Започнете со гледање на омилените филмови веднаш, благодарение на брзото вклучување кое трае помалку од секунда.

USB репродукција

USB за приклучување и користење

Само приклучете USB уред во приклучокот и споделувајте песни, фотографии и мултимедиски содржини со вашиот телевизор.

Дизајн од Sony
Врвна геометрија

Симфонија на аудиовизуелни елементи и елементи од ентериер. Дознајте ги ексклузивните приказни за инспирацијата на дизајнот.

Спецификации и функции
Со вградениот Wi-Fi PRO на BDP-S5500 , може да ја пребарувате најдобрата онлајн забава на голем екран. Рамномерното и брзото споделување ви овозможува да уживате во содржини на интернет со помалку прекини и подобар квалитет на слика. Подобрените и стандардните 3D Blu-ray филмови се подеднакво реалистични и во Full HD 3D за подобро доживување при гледањето.
  • Уживајте во прекрасна слика со можноста за 3D

  • Проследувајте онлајн содржини преку Wi-Fi PRO

  • Контрола преку вашиот паметен телефон со TV SideView

  • Уживајте во живописни бои со TRILUMINOS™

  • Практична репродукција на USB медиуми

Репродукција
Да
Влезни и излезни приклучоци
HDMI излез (1 заден), коаксијален аудио излез (1 заден), USB влез (1 преден), приклучок за етернет (1 заден)
Вграден Wi-Fi®
Да (2,4GHz)

Што има во пакетот

Далечински управувач (RMT-VB100I), Батерии (тип AAA x 2)

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина