Проследувајте и пребарувајте на едноставен начин со Blu-ray Disc™-плеерот BDP-S3700 што е оптимизиран за Wi-Fi и може беспрекорно да репродуцира серии и содржини од интернет во Full HD. Гледајте содржини од мобилни уреди на вашиот телевизор со функцијата за пресликување на екранот.
DLNA ви овозможува да споделувате мултимедиски содржини помеѓу сите поддржани уреди во домот.
Уживајте во сите мали детали на оригиналната снимка со јасен и реалистичен опкружувачки звук со Dolby® TrueHD и DTS-HD.
Пребарувајте на интернет и проследувајте јасни видеоснимки преку вградениот Wi-Fi® со високи перформанси и технологијата MIMO.
Уживајте во светли и висококвалитетни детали од сите содржини – вклучувајќи DVD, Blu-ray Discs™ и содржини проследени од интернет. Исто така, BDP-S3700 ја зголемува стандардната резолуција на DVD филмовите до речиси HD квалитет, за да уживате во нив со префинети детали.
Внесете реалистичност во гледањето со нашата широка и живописна палета на TRILUMINOS™ Colour. Ексклузивна за Sony и оптимизирана за употреба со TRILUMINOS телевизори, таа прикажува прекрасни црвени нијанси, нијанси на сина вода и смарагдно-зелени нијанси кои тешко се репродуцираат, правејќи ги копнените и морските пејзажи пореалистични.
Комбинацијата од дизајн со повеќе антени и предното позиционирање на модулот со чип овозможува максимална јачина на сигналот, со што ќе уживате во рамномерно проследување на видео записи и брзо пребарување.
Гледајте и споделувајте содржини од паметниот телефон на вашиот телевизор. Со Miracast™, ќе можете да гледате фотографии, видеоснимки и музика на голем екран.
Само приклучете USB уред во приклучокот и споделувајте песни, фотографии и мултимедиски содржини со вашиот телевизор.
Спецификации и функции
- Репродукција
- Забавена репродукција (премотување нанапред/наназад), Мешано, ПРЕМОТУВАЊЕ НАНАЗАД/НАНАПРЕД, ПРЕТХОДНО/СЛЕДНО, Репродукција / Стоп / Пауза, Репродукција во ЧЕКОРИ (ПРЕМОТУВАЊЕ НАНАЗАД/НАНАПРЕД)
- Влезни и излезни приклучоци
- HDMI излез 1 (заден), коаксијален дигитален аудио излез 1 (заден), USB влез 1 (преден), приклучок за етернет 1 (заден)
- Вграден Wi-Fi®
- (2,4 GHz / MIMO)
Што има во пакетот
Упатство за употреба, Далечински управувач (RMT-VB201U), Батерии (тип AAA x 2), Картичка за регистрација на потрошувачи, Гарантен лист