Прескокни до содржина
Слика од Blu-ray Disc™ плеер
Слика од Blu-ray Disc™ плеер

Уживајте во HD

Гледајте ги омилените филмови во Full HD со BDP-S1700. Сликите се детални и јасни, а боите добиваат богат интензитет благодарение на TRILUMINOS™ Colour.

1080p

Гледајте во 1080p

Уживајте во сите ваши филмови со остра и јасна висока резолуција.

Квалитет на звукот

Звук со врвен квалитет

Уживајте во сите мали детали на оригиналната снимка со јасен и реалистичен опкружувачки звук со Dolby® TrueHD и DTS-HD.

Full HD, blu ray плеер, blu ray, blu ray и dvd плеер

Гледајте сè Full HD

Уживајте во светли и висококвалитетни детали од сите содржини – вклучувајќи DVD, Blu-ray Discs™ и содржини проследени од интернет. Исто така, BDP-S1700 ја зголемува стандардната резолуција на DVD филмовите до речиси HD квалитет, за да уживате во нив со префинети детали.

Бои кои стануваат реалистични

Внесете реалистичност во гледањето со нашата широка и живописна палета на TRILUMINOS™ Colour. Ексклузивна за Sony и оптимизирана за употреба со TRILUMINOS телевизори, таа прикажува прекрасни црвени нијанси, нијанси на сина вода и смарагдно-зелени нијанси кои тешко се репродуцираат, правејќи ги копнените и морските пејзажи пореалистични.

Елегантен и едноставен

Минималниот дизајн на BDP-S1700 е елегантно изработен за да ја надополни секоја дневна соба со својата компактна рамка од 23 см (9,1“) x 3,9 см (1,5”) која лесно се поставува дури и во најтесните места.

Мал и едноставен дизајн, мал blu ray плеер

Најдоброто од интернетот на вашиот телевизор

Поврзете се на интернет и дознајте што ви нудиме. Уживајте во директен пристап до најновите песни, филмови, интернет телевизија и многу повеќе. Прелистувајте низ големиот избор на онлајн канали или гледајте ги најновите видеозаписи од YouTube™.

USB за приклучување и користење

USB за приклучување и користење

Само приклучете USB уред во приклучокот и споделувајте песни, фотографии и мултимедиски содржини со вашиот телевизор.

Спецификации и функции
Гледајте ги омилените филмови во Full HD со BDP-S1700. Сликите се детални и јасни, а боите добиваат богат интензитет благодарение на TRILUMINOS™ Colour.
  • Проследувајте содржини од различни оператори на онлајн забава

  • Уживајте во сите ваши филмови во Full HD квалитет

  • Уживајте во живописни бои со TRILUMINOS™ Colour

  • Едноставно користење со новиот практичен интерфејс

Репродукција
Забавена репродукција (премотување нанапред/наназад), Мешано, ПРЕМОТУВАЊЕ НАНАЗАД/НАНАПРЕД, ПРЕТХОДНО/СЛЕДНО, Репродукција / Стоп / Пауза, Репродукција во ЧЕКОРИ (ПРЕМОТУВАЊЕ НАНАЗАД/НАНАПРЕД)
Влезни и излезни приклучоци
HDMI излез (1 заден), коаксијален дигитален аудио излез (1 заден), USB влез (1 преден), приклучок за етернет (1 заден)

Што има во пакетот

Упатство за употреба, Далечински управувач (RMT-B127P), Батерии (тип AAA x 2), Картичка за регистрација на потрошувачи, Гарантен лист

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина