Серија EXTRA BASS™

SRS-XB10/XB20/XB30/XB40, GTK-XB5

Моќен бас и прекрасна светлина во еден пакет

Музичките фестивали ги сплотуваат луѓето преку музичка и визуелна магија, со моќен бас и динамичко осветлување кои создаваат чувство на колективна еуфорија. Серијата EXTRA BASS™ претставува иновативен пристап кон преносливите и безжичните звучници што го пренесува тоа доживување во домот и им овозможува на корисниците да споделуваат уникатни музички доживувања.

Репликација на сеопфатната динамика на доживувањата од фестивалите

Слушањето музика повеќе не е нешто што луѓето го прават сами - со зголемување на популарноста на електронската музика (EDM) и музичките фестивали, луѓето сè повеќе сакаат да ги споделуваат нивните музички доживувања во живо. Со серијата EXTRA BASS сакавме луѓето да почувствуваат такво доживување без да одат на вистински настап во живо. За да го доловиме тоа сеопфатно музичко доживување, што претставува многу повеќе од само звук, ние ја надополнивме основната функција на звучниците за репродукција на звук со осветлување и пренослива издржливост за да добиеме безжичен звучник што ќе ги разигра вашите сетила.

Слика од дел од EXTRA BASS.
Цврста форма наменета за бас со прекрасно осветлување

Тимот за дизајн требаше да одговори на две прашања: како да ги претвори бас звуците од жанрот EDM во визуелна форма и како да ги направи производите доволно издржливи за да можат да обезбедат уникатни музички доживувања во секакви услови. Разгледувајќи ги можните решенија, смисливме „солидна“ конфигурација што ќе ги обедини ниските фреквенции со густ и цврст изглед. Покрај надополнување на бас звуците со погуст и поцврст визуелен идентитет од тоа што го нудат стандардните рамни звучници во кутија, дизајнот на EXTRA BASS се одликува и со заоблени рабови што ја прават конфигурацијата поиздржлива. Цврстиот дизајн го обединува целото доживување на производот, збогатувајќи го моќниот бас со издржливост.

Осветлувањето долж рабовите на звучникот, пак, се синхронизира со звукот од звучниците за да го надополни басот со уште една визуелна димензија. Со обединување на цврстата форма и интелигентната технологија за осветлување создадовме дизајн што го прави доживувањето со EXTRA BASS уште повозбудливо.

Слика од осветлувањето на EXTRA BASS од SONY.
Им овозможува на луѓето да уживаат во музиката

Takuma, главен уметнички директор

Нашата идеја беше да го собереме целото доживување на музичките фестивали - звук, светло и единство - во активен звучник. Со спојување на густата и цврста форма со технологијата за осветлување го добивме тоа што ни требаше: звучник што внесува живост во забавата.

Функционалноста на кружната форма

Знаевме дека за да создадеме цврст дизајн со моќен бас и оптимална преносливост ќе ни требаат совршени форми, материјали и други составни елементи. За да ги споиме деловите за различни функции во густо распределен и компактен пакет, тестиравме идеи со инженерите за структура на кутијата сè додека не добивме оптимално решение со мазна и заоблена форма. Штом ја добивме основната форма, одлучивме да ѝ нанесеме двојна завршна обработка: горната површина има обичен гумен слој што го прави надворешниот изглед едноставен, лесен на допир и отпорност на гребнатини, а рапавата текстура на долниот дел придодава цврстина во изгледот и овозможува подобро држење на производот, односно полесно носење и поставување на различни локации. Двојната завршна обработка ја нагласува цврстата форма со малку контраст и придонесува за поголема функционалност на дизајнот.

Страничен приказ на SRS-XB20 од SONY.
Приказ од предната страна на SRS-XB40 од SONY.
Визуелизација на басот со комбинација од естетски елементи

Звучникот беше важен дел за тимот за дизајн, кој не само што беше најважната компонента на звукот со длабок бас, туку требаше да има и привлечен изглед. За да го истакнеме тој елемент во преден план на дизајнот, го обложивме звучникот со светилки и направивме отвор во решетката - тој не само што пропушта јасен звук туку и им овозможува на корисниците да гледаат како звучникот вибрира при промена на акустичкиот притисок, со што визуелно се нагласува ударот на фреквенциите за бас. Решетката, исто така, има конвексна контура која ја изразува моќта на звукот што зрачи нанадвор од звучникот. Концептот за „моќ“ го надополнува и дизајнот на бојата на куќиштето, бидејќи светлите тонови од палетата НАГЛАСЕНИ БОИ го збогатуваат звукот визуелно. Од горе до долу, одвнатре и однадвор - дизајнот го визуелизира доживувањето на басот на различни и привлечни начини.

Издржливоста овозможува разновидни опции

Hibino, менаџер за дизајн

Концептот на фиксни системи со безжични звучници се губи - сега сè повеќе луѓе сакаат компактни звучници што може да се носат и користат на различни места. Земајќи го предвид трендот на преносливоста, се посветивме на создавање издржлив и пренослив производ наменет за кампери, луѓе што постојано одат на забави и други кориснички сегменти каде што се потребни разновидни опции.

Шеми на осветлување за доловување на атмосферата од фестивалите

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Во светот на електронската музика (EDM), осветлувањето е неопходен дел од забавата. За да ја создадеме препознатливата атмосфера од фестивалските сцени, направивме шема на бои што ја отсликува тивката-гласна динамика на музиката. Осветлувањето со светлечки цевки, чиј опсег опфаќа од „ладни“ до „топли“ бои за хроматски контраст, се синхронизираат со ритамот за да создадат пулсирачка светлина - совршено надополнување на препознатливите високи и ниски тонови во жанрот EDM.

Користејќи уникатна технологија за откривање на ритамот создадовме алгоритам што препознава промени во музиката во реално време. Како резултат добивме осветлување што слободно се прилагодува кон тонот и ритамот на секоја песна и ја нагласува музиката со паметно осветлување. Уредот пулсира и бела светлина според ритамот, но не во континуиран и ист ритам: пулсирањето забрзува и забавува во зависност од текот на песната, со што автоматски создава динамика на осветлување како од настапите во живо.

Осветлување што може да придонесе многу

Fujiki, дизајнер

Кога сте на музички фестивал, басот и осветлувањето допираат до вас на физичко ниво. Тоа чувство на возбуда низ целото тело беше нашата цел. Откривањето на ритамот и комбинирањето на боите беа најважни делови од дизајнот на осветлувањето, но знаевме и колку е важно луѓето да почувствуваат реална и инстинктивна возбуда од целосното доживување.

Промоција на филозофијата на фестивалите преку интуитивна комуникација

Ниту еден производ не може сам да ја промовира својата филозофија во целост. Затоа дизајнот на комуникација е многу важен. Имајќи го тоа предвид, тимот за дизајн создаде лого за серијата EXTRA BASS што опфаќа доживување со длабок бас и го отсликува целиот концепт на серијата. Текстот во името EXTRA BASS има различни нивоа на дебелина, со подебел и тежок стил за зборот „BASS“ за да се нагласи моќната ниска фреквенција на производот и да се доближат буквите за да се долови густиот дизајн. Графичката подлога, исто така, има важна улога. Применувајќи елементи што укажуваат на чувство и звук од музички настап во живо, графиката создава интуитивна врска помеѓу производот и доживувањето на музичките фестивали.

Дизајнерите на пакувањето, исто така, употребија динамичко врамување на производот за да создадат впечатлив изглед фокусиран на бас. Доживувањето на басот претставува многу повеќе од основата на концептот на производот и ги обликува карактеристиките на сеопфатниот дизајн за комуникација.

Доживувањето на басот е најважно

Matsuda, дизајнер

Приоритетот на пакувањето воглавно ја нагласува формата на производот. Но, за пакувањето на серијата EXTRA BASS одлучивме да го истакнеме доживувањето на басот. Целата стратегија за комуникација се основа на таа идеја.

Серијата EXTRA BASS, како возбудлив спој од моќен бас и паметно и динамичко осветлување, го надминува традиционалниот концепт на аудио системите и добива нова цел: да им овозможи на луѓето да ја споделуваат радоста што ја предизвикува музиката во поголеми групи, независно од локацијата.

*Достапноста на производот може да се разликува во зависност од регионот и земјата.