Прескокни до содржина

Безжичен домашен аудио систем

Слушајте ја омилената музика безжично, со стерео или опкружувачки звук, звук во повеќе простории или преку услуга за проследување. Откријте нови безжични доживувања и уживајте во поголема музичка слобода.

Уживајте во музиката безжично во повеќе соби во домот.

Користете безжични звучници за да создадете систем за опкружувачки звук

Два безжични звучници лесно се претвораат во безжичен стерео систем.

Проследувајте ги безжично изворите на музика кон звучниците.

SongPal Link

Уживајте во музиката во секоја просторија преку Wi-Fi®

SongPal Link ви овозможува да уживате во омилената музика во различни стилови. Контролирајте ги уредите во домот со апликацијата Sony | Music Center (претходно нарекувана SongPal). Со контролите на допир можете да групирате музички плеери, да ја активирате и запирате репродукцијата и да менувате поставки.

Безжична репродукција на музика со опкружувачки или стерео звук низ целиот дом

Бидете слободни и слушајте музика на ваш начин. 

Безжичен звучник во просторија.

Безжично слушање во повеќе соби

Sony | Music Center ви овозможува да уживате во музиката безжично во повеќе простории во домот.

Двајца гледаат телевизија со безжичен систем за опкружувачки звук во дневната.

Безжичен опкружувачки звук

Уживајте во уште подобар опкружувачки звук со звучник во вид на лента или AV ресивер во комбинација со пар безжични звучници.

Мала просторија со голем екран и два безжични звучници.

Безжичен стерео звук

Впарете два звучници за да создадете поширок стерео звук.



Функцијата Chromecast built-in за слушање во повеќе простории е достапна кај безжичните звучници од Sony.

За да ја преземете апликацијата Sony | Music Center, отворете ја апликацијата Google Play™ Store на вашиот уред со Android или, пак, посетете ја страницата на Sony | Music Center на веб-страницата Google Play Store или на веб-страницата iTunes®.

Услуги за проследување

Уживајте во повеќе музика, одново откријте ја вашата музика

Уживајте во најнови хитови или омилени песни со DSEE HX™. Изворите на звук се подобруваат приближно до квалитет со висока резолуција за подобро доживување при слушањето.

Chromecast built-in (претходно Google Cast™) Слушањето во повеќе простории е достапно кај безжичните звучници од Sony.

Лого за Google Cast

Со Chromecast built-in во звучниците на Sony, вашиот телефон ќе се претвори во далечински управувач. Само допрете го копчето за проследување од апликацијата што веќе ја знаете и сакате и проследувајте музика/песни/podcast содржини/листи за репродукција од вашиот телефон, таблет-уред или лаптоп кон звучниците.

Лого на Spotify

Spotify Connect™ ви овозможува да ја контролирате музиката што се репродуцира преку звучникот со апликацијата Spotify во вашите уреди.

Безжичен звук со приближно висока резолуција со LDAC™

LDAC од Sony претставува нов начин на кој може да уживате во квалитетен звук дури и кога проследувате музика кон вашите слушалки или безжични звучници.