Прескокни до содржина
Headphones

Безжични слушалки

Зголемете ја јачината на звукот и слушајте гласна музика со нашите безжични слушалки. Дознајте повеќе за целата наша палета подолу, а потоа изберете пар кој е совршени за вас.

Нова дефиниција на едноставно слушање

Независно дали ви требаат безжични ушни влошки за џогирање или слушалки за моќен ритам. Нашите безжични слушалки може да се користат со паметни телефони за разговори без користење раце, а долгото траење на батеријата ви овозможува уживање со часови.

Маж вежба со безжични слушалки
Маж во движење ужива со најдобрите безжични слушалки од Sony

Преминете на безжична технологија

Движете се слободно, без кабли и жици, независно дали ќе трчате, лежите на плажа или танцувате. Ништо не може да се изгуби, заплетка или оштети, поради што може безгрижно да уживате во омилената музика или да одговарате на телефонски повици.

Слушајте како никогаш досега

Слушајте музика со безжични слушалки. Секоја нота се репродуцира со најсуптилни детали, а дигиталното подобрување го зголемува квалитетот на компресираните аудио фајлови за да добиете побогато доживување при слушањето - слично со оригиналната снимка.

Жена ужива со најдобрите безжични слушалки од Sony
Маж гледа телевизија со безжични слушалки

Филмовите стануваат реални

Уживајте во омилениот филм со безжични домашни слушалки. Изберете филм, притиснете го копчето за репродукција и уживајте во звук со ненадминат квалитет кој можете да го слушнете само Вие, од тивки ноти до дијалози, сите звуци се остри, јасни и моќни.

Само најдоброто

Уживајте во богат звук со целосен опсег со моќните звучници, широкиот фреквентен опсег и висококвалитетните компоненти. Сакате нешто покомпактно? Погледнете ги нашите безжични слушалки за во уво со бакарен кабел за подобро поврзување и подобар звук.

Безжични слушалки во држач за полнење
Слушајте музика на телефонот со безжични слушалки

Неверојатно едноставно користење

Слушајте на едноставен начин со безжични слушалки. Поврзете ги преку Bluetooth® и одговарајте на повици од паметниот телефон преку вградениот микрофон или, пак, синхронизирајте го MP3 плеерот за да добиете пристап до вашата музика.