Прескокни до содржина
Слика од 7.2-канален AV ресивер за домашно кино
Слика од 7.2-канален AV ресивер за домашно кино

Краток преглед на најважните функции

Звук со висока резолуција

Така како што замислиле изведувачите

Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет од CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.

Разновиден. Модерен. Моќен.

STR-DN1080 се одликува со флексибилни решенија за звучници, DTS:X и поддршка за Dolby Atmos и нуди моќен опкружувачки звук како во кино кој совршено се прилагодува кон вас и вашето опкружување.

Вашиот идеален домашен аудио систем

STR-DN1080 е дизајниран со флексибилни решенија за звук што се прилагодуваат во опкружувањето за да го добиете најдоброто аудио доживување, независно од системот.  

  • преден опкружувачки звук
  • Целосен систем за домашно кино
  • (Фантом) 7.1.2-кан. опкружувачки звук

Уживајте во квалитет како во кино

Новата технологија за звучни полиња нуди комбинација од напредна автоматска калибрација и беспрекорно преместување на звучниците за да создаде воодушевувачки кино звук каков што досега не сте слушнале во домот.

Побарајте го Inferno на 4K Ultra HD

Беспрекорна автоматска калибрација

D.C.A.C EX нуди комбинација од автоматска калибрација и виртуелно преместување на звучниците која автоматски ги оптимизира фреквенциите на звучниците, фазите и доцнењата за да создаде совршено звучно поле за вашата просторија.  

Јасен приказ со висок динамички опсег

Со поддршката за проследување HDR сигнали можете да уживате во неверојатното подобрување на светлината и контрастот, а дополнителните сенки и осветлените делови уште повеќе ги подобруваат деталите на сликата и внесуваат реалистичност во боите.

Лизгач за HDR
СТАНДАРДЕН
HDR
HDR

Оптимална репродукција на звук

Поддршка за формати

Формати на аудио фајлови со висока резолуција

STR-DN1080 поддржува повеќе различни формати на звук со висока резолуција, меѓу кои и DSD и Linear PCM. Освен тоа, можете да репродуцирате преку USB, HDMI и DLNA, а опцијата за повеќе канали ви овозможува да го надополните системот за опкружувачки звук со висококвалитетен звук.

Едноставен пристап до вашата музика

Добијте лесен пристап до богат избор на музика и многу повеќе, благодарение на Chromecast built-in (претходно Google Cast™) и Spotify Connect.

Chromecast built-in

Chromecast built-in

Проследувајте музика, онлајн радио и podcast содржини од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп кон вашиот аудио уред. Само допрете го копчето за проследување.

Spotify

Spotify Connect

Репродуцирајте од Spotify преку вашиот аудио уред, користејќи ја апликацијата Spotify како далечински управувач.

Проследувајте со Chromecast built-in

Проследувајте музика, podcast содржини и радио преку повеќе од 100 аудио апликации, вклучувајќи го Google Play™ Music и многу повеќе.


Погледнете го во акција

  • Услуги за проследување
  • Квалитет на звукот
  • Батерија на паметен телефон
  • Флексибилно слушање

Поврзете се

За системите за динамичка домашна забава се достапни шест HDMI влезови и два излези, преден USB приклучок, оптички дигитални и аналогни AV приклучоци. Поврзете го вашиот телевизор, Blu-ray Disc™ плеер, паметен телефон и многу повеќе, на брз и едноставен начин.

  • Заден
  • Напред
HDMI®

Шест HDMI влезови и два излези

Со шест HDMI влезови и два HDMI излези - вклучувајќи еден HDMI излез за втора зона - ќе имате доволно простор за тековната опрема и идните надградби.

USB

Стандардна DSD репродукција преку DLNA, HDMI и USB

Репродуцирајте DSD преку уреди поврзани на DLNA мрежа или поврзете се преку USB со поддршка за репродукција на звук со висока резолуција до 24 бита/192 kHz.

LDAC

LDAC™: за пренос на содржини со звук со висока резолуција

LDAC пренесува три пати повеќе податоци (со максимална стапка на пренос од 990 kbps) од стандардниот Bluetooth® звук, поради што ќе уживате во содржини со звук со висока резолуција чиј квалитет е сличен со звукот со висока резолуција.1

Допрете, поврзете и репродуцирајте

Безжично слушање со NFC со еден допир. Допрете компатибилен паметен телефон до ресиверот и добијте звук преку Bluetooth.

NFC BT
AirPlay

Звук преку AirPlay

Уживајте во музика преку уреди што поддржуваат AirPlay.

Wi-Fi®

Поврзување преку Wi-Fi®

Репродуцирајте музика од услуги на интернет и од вашата домашна мрежа. 

Звук кој останува со вас

Проследувајте музика низ целиот дом со Sony | Music Center

Слушајте ја истата прекрасна песна низ целиот дом со опцијата за слушање во повеќе простории, контролирана преку апликацијата Sony | Music Center (претходно наречена SongPal). Користете Sony | Music Center Link за да групирате компатибилни системи за звук од Sony, а потоа проследувајте музика во повеќе простории.

Квалитетни делови за извонреден звук

Секоја компонента на STR-DN1080 е дизајнирана на оптимален квалитет на звукот.

Спецификации и функции
Надградете го системот за домашна забава со STR-DN1080 кој се одликува со поддршка за Dolby ATMOS и DTS: X. Решенијата со флексибилни и фантомски звучници ви овозможуваат да направите идеален систем за звук. HDMI приклучокот кој е компатибилен со 4K и HDR ги поддржува најновите стандарди за видео, вклучувајќи HDCP 2.2 заштита на содржини за 4K содржини.
  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • Квалитетен опкружувачки звук со поддршка за Dolby ATMOS и DTS:X

  • Поврзување преку 6 влезни/2 излезни HDMI приклучоци со проследување на 4K/60p содржини (4:4:4), поддршка за HDCP 2.2 и поддршка за HDR

  • Лесно поврзување преку Bluetooth® со NFC со еден допир

  • Wi-Fi®, AirPlay и Chromecast built-in за проследување музика

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина