Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д мм)
430 x 172 x 329,4 мм
Тежина (кг)
10,3 кг

Општи карактеристики

Автоматски режим на подготвеност
ДА
GUI (графички кориснички интерфејс)
ДА

Засилувач

Број на канали на засилувач
7 кан.
Bi-AMP
ДА(со заден опкружувачки звук)
Дигитален Legato Linear
ДА
HD-D.C.S. (дигитален кино звук)
ДА
Пренослив аудио подобрувач
ДА
Програма на звучно поле (2-кан./повеќе канали) 
ДА
Програма на звучно поле (A.F.D)
ДА
Програма на звучно поле (слушалки)
ДА
Програма на звучно поле (филм)
ДА
Програма на звучно поле (музика)
ДА

Автоматска калибрација на звучници

DCAC (Digital Cinema Auto Calibration)
ДА

Функции за звук

Функции за калибрација
ДА

Видео карактеристики

4K излезна резолуција
ДА
1080p/24p
ДА
3D преку HDMI®
ДА
Компонен. видео влез со назначување
1
HDMI® видео влез со назначување
6 (1)
Deep Color
ДА
Зголемување на резолуција и конвертирање на видео (аналоген во компонентен/HDMI®)
ДА/НЕ
x.v.Color (xvYCC)
ДА
A/V SYNC
Да (променливо)
Повратен аудио канал
ДА
BRAVIA Sync (CEC контрола)
ДА (репродукција со еден допир, контрола на звукот на системот, исклучување на напојувањето на системот)
HDMI® проследување
ДА

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
HDMI видео влез/излез (6/2); HDCP2.2 заден (1); компонентен видео влез (1); композитен видео влез 2; композитен излез за монитор (1); аудио влез (2); коаксијален аудио влез (1); аналоген аудио влез (4); излез за слушалки; излез за предзасилувач за сабвуфер (2); USB (1 преден/1 заден); приклучок за етернет; MHL преден/заден (1/1)

Формат на декодирање

DTS® HD/Dolby®TruHD/Dolby® Digital+
ДА/ДА/ДА
LPCM (2CH/5.1CH/7.1CH) преку HDMI®
ДА
Dolby® Digital/DTS®
ДА
Dolby® Digital EX
ДА
DTS-ES™ (MATRIX6.1/DISCRETE6.1)
ДА / ДА
DTS 96/24™
ДА
Dolby® Pro Logic®
ДА
Dolby® Pro Logic® II
ДА
Dolby® Pro Logic® IIx
ДА
Dolby® Dual моно
ДА
96k/24 бита PCM
ДА

Поврзување во мрежа

Интернет услуга
ДА
Декодирање музика за мрежен клиент
[MP3].mp3, [AAC/HE-AAC].m4a, .aac, [WMA9 Standard].wma, [LPCM].wav, [FLAC].flac, .fla, [Dolby Digital].ac3, [DSF].dsf, [DSDIFF].dff, [AIFF].aiff, .aif, [ALAC].m4a
Ажурирање на PC Connect (етернет)
ДА
CHROMECAST BUILT-IN
ДА

Функции на приемникот

Мемориран канал (FM/AM)
TTL30 (30/-)
RDS
ДА

Прил. функции за инстал. и контрола

Звук во зона 2
ДА
Видео во зона 2
ДА
IR проследување (влез/излез)
ДА(1/1)

Еколошки, заштеда на енергија

Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
недостапно
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)
0,3 W
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
1,7 W (етернет) / 1,7 W (Wi-Fi®) / 1,7 W (Bluetooth®) / 1,7 W (сите приклучоци и мрежи поврзани)
Режимот на подготвеност е активиран
По 19 минути
Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
По 19 минути (етернет, Wi-Fi®, Bluetooth®)
Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
Променете ги поставките за режим на подготвеност со Bluetooth® (MENU (МЕНИ)-->Bluetooth Settings (Поставки за Bluetooth®)-->Bluetooth Standby (Режим на подготвеност со Bluetooth®)-->ON/OFF (ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО)) / Променете ги поставките за далечинско активирање (MENU (МЕНИ)-->Network Settings (Мрежни поставки)-->Remote Start (Далечинското активирање)-->ON/OFF (ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО))

Функции

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

Звук со висока резолуција и Direct Stream Digital (DSD)

Уживајте во висококвалитетен звук со аудио кодекот Direct Stream Digital (DSD) – специјално дизајниран за звук со висока резолуција. Овој 1-бит. формат применува низа високофреквентни 1-ци и 0-ли за создавање звучни бранови форми со поголема резолуција од стандардните кодеци. Резултатот претставува појасен и поостар звук со висока резолуција. STR-DN1060 поддржува DSD декодирање со 5,6 MHz (2 кан.) преку USB и мрежни приклучоци, како и DSD декодирање со 2,8 MHz (до 5 кан.) преку HDMI, USB и мрежа.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

Гледајте повеќе детали со зголемување на резолуцијата до 4K / 4K проследување со HDCP2.2

Стандардните 4K извори можат да се проследуваат директно преку 4K HDMI влезот со HDCP2.2. Благодарение на технологијата за зголемување на резолуцијата на видеоснимките, можете да уживате во стандардна HD резолуција со повисок квалитет и повеќе видливи детали. Досега беше можно само подобрување од 1080/24p до 4K/30p, но за новите модели на STR не постои ограничување за влезната резолуција на видео сигналите.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

7.2-канален ресивер за прекрасен опкружувачки звук

Уживајте во забавата, благодарение на опкружувачкиот звук со 7.2 канали кој ја исполнува просторијата и излезната моќ од 165 W по канал. Наменскиот канал ви овозможува да поврзете два активни сабвуфери, за еднаква дистрибуција на бас во просторијата. Без разлика дали гледате филмови, играте игри или ги слушате омилените песни, ќе уживате во повисоко ниво на забава.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

Dolby® TrueHD и DTS-HD Master Audio

STR-DN1060 поддржува Dolby® TrueHD® и DTS-HD® Master Audio за да ги надополни звуците од Blu-ray Disc со ненадминат квалитет на звук. Создавајќи звук без загуби со приближен квалитет како во музичко студио, овие напредни аудио формати со висока резолуција му овозможуваат на корисникот да ужива во повеќеканален звук и во опкружувачки звук како во кино додека гледа филмови и слуша музика.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

Advanced Digital Cinema Auto Calibration

Уживајте во прекрасен филмски звук, без разлика каде ќе гледате. Технологијата Digital Cinema Automatic Calibration (ADCAC) ги оптимизира аудио перформансите за да создаде добро избалансиран звук. Користете го испорачаниот микрофон за мерење на акустиката во вашата просторија во однос на местото кадешто седите, а потоа поставете ги вашите звучници. Системот ќе го прилагоди звукот соодветно и ќе ги елиминира сите слаби точки во звукот за да обезбеди широко и природно звучно поле.

Оптимизирање на звукот за јасен звук при секоја јачина

Уживајте во јасен и динамички звук при секоја јачина, благодарение на вграденото оптимизирање на звукот. A/V ресиверот автоматски ја мери ефикасноста на звучниците и соодветно го прилагодува фреквентниот опсег. Како резултат на тоа се добива атмосфера со богат звук – дури и при гледање или слушање содржини при стандардна јачина на звукот.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

Подигнување на централниот звучник

Централните звучници најчесто се поставуваат под екранот, при што сите централно поставени звуци доаѓаат од под екранот. Оваа функција овозможува централниот звучник да изгледа дека е поставен на иста висина со екранот. Висината на звукот од централниот звучник може да се постави како што ќе посакате. (Ова е можно само доколку се инсталирани високи предни звучници.) Подигнувањето на централниот звучник може да се постави на 0 (исклучено) или помеѓу 1 и 10. Колку е повисока вредноста толку повисоко се крева централната положба, така што слушателите можат да ја прилагодат оваа функција според нивните желби. Оваа функција може да се користи со A.F.D. режим (кој не создава звучно поле) и режими за видео како HD-Digital Cinema Sound итн.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

Режим за звучници на таванот 

Оваа функција виртуелно ќе ги премести предните и централните звучници од таванот околу екранот. Сега корисникот ќе слуша како гласовите на глумците излегуваат од екранот наместо од таванот. Исто така, овој режим ја прави музиката поприродна и побогата во просторијата со тавански звучници.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

HD Digital Cinema Sound®

Симулирајте ја акустиката на препознатливиот Cary Grant Theatre во вашиот дом. Создаден во соработка со Sony Pictures Entertainment, HD Digital Cinema Sound® е добиен врз основа на мерења спроведени во Cary Grant Theatre – користен за снимање звук во холивудската филмска продукција – за надополнување на секој филм што го гледате со холивудски третман.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

Симулирајте ја акустиката од настапите во живо со режимот за концертна сала

Симулирајте концерти во живо во вашата дневна соба. Создаден врз основа на акустични мерења извршени во светски познатите музички сали, режимот за концертна сала нуди избор од 3 сали.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

Висококвалитетно безжично проследување

LDAC е нова технологија за звук од Sony која ви овозможува да уживате во висококвалитетен безжичен звук преку Bluetooth®. Со пренос на 3x повеќе податоци, LDAC овозможува подобро безжично слушање на сета ваша музика.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

Едноставен начин за испраќање музика кон вашите звучници

Chromecast built-in ви овозможува да ги проследувате омилените апликации за музика од личниот уред кон звучниците. Само допрете го копчето за проследување во апликацијата за музика во вашиот телефон или таблет-уред со Android, iPhone, iPad, Mac®, лаптоп со Windows или Chromebook и изберете звучник или група звучници за да започнете.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

Беспрекорно проследување со Wi-Fi® и Bluetooth®

Само едно лесно поврзување Ве дели од вашата музика. Проследувајте ги безжично омилените песни од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп преку Wi-Fi® – не се потребни кабли. Bluetooth® овозможува едноставно поврзување и треба само да го допрете за да го впарите со компатибилни уреди со NFC. Згора на тоа, AirPlay ви овозможува да проследувате музика од вашиот уред со iOS преку засилувачот до вашите звучници.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

Слушање со еден допир и пресликување слика со еден допир

За да започнете со безжично проследување музика, едноставно допрете го вашиот паметен телефон или таблет-уред со NFC наспроти STR-DN1060 за да го поврзете безжично. Благодарение на комбинацијата од NFC со еден допир и Bluetooth®, може да уживате во „слушање музика со еден допир“ од паметен телефон или таблет-уред преку STR-DN1060. Комбинацијата од NFC со еден допир и Wi-Fi®, пак, овозможува „пресликување слика со еден допир“ или Miracast™ за гледање видеоснимки од вашиот паметен телефон или таблет-уред преку засилувач на телевизор, без потреба од безжичен рутер. Нема неред поради поврзување со кабли или сложени поставувања. Дури и кога NFC не е достапно, врската се воспоставува со рачно впарување.

Слушајте во друга просторија со опцијата за слушање во три зони

Со можноста за слушање во трета зона, може да поврзете три пара звучници со STR-DN1060 и да го слушате истиот звук во три простории. Ресиверот може да контролира и два посебни извори истовремено. Изберете кој сигнал ќе се праќа во секоја зона на слушање – за да гледате DVD во дневната соба и да слушате CD во другата соба истовремено.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

Репродуцирајте HD видеозаписи, фотографии и музика и полнете преку двата MHL приклучоци

STR-DN1060 може да се користи со паметни телефони. HD видеозаписите и фотографиите може да се гледаат на големиот екран на телевизорот. Можно е и користење на апликации како Facebook, Twitter, YouTube и Google Maps. MP3 песните може да се репродуцираат преку ресиверот. STR-DN1060 се поврзува со еден тенок кабел кој истовремено ја полни батеријата на телефонот. Далечинските управувачи на телевизорот и STR можат да се користат за контролирање на паметниот телефон кој поддржува MHL, доколку е потребно. Благодарение на дополнителниот MHL приклучок на задната страна, можете истовремено да приклучите производ како Roku.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

Ослободете ја вашата музика со можноста за слушање во повеќе простории

Исполнете го домот со звукот од омилените песни, благодарение на можноста за слушање во повеќе простории. Функцијата за слушање во повеќе простории содржи режими како режимот за забава, со кој може да уживате во истата музика преку повеќе звучници истовремено, и персоналниот режим со кој може да уживате во различна музика преку повеќе звучници.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

Обединете ја вашата музика со SongPal

Преземете ја апликацијата SongPal за вашиот паметен телефон или таблет-уред и преземете ја контролата врз вашата музичка збирка. Поврзете се лесно преку Bluetooth® или Wi-Fi® и добијте непречен пристап до сите омилени песни, без разлика дали се зачувани во вашиот компјутер, сервер или онлајн услуга за музика. Исто така, апликацијата може да се користи за прилагодување на поставувањата за звукот за да се обезбеди одличен и балансиран звук и контрола на слушањето во повеќе простории.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

Едноставна контрола со графички кориснички интерфејс

Поставките на вашиот ресивер се прилагодуваат лесно, благодарение на интуитивното почетно мени. Контролирајте што гледате, препознавајте кои уреди се поврзани и избирајте го начинот на кој слушате со однапред поставените режими за звук.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

Нов предзасилувач за јачина на звук IC 

Новосоздадениот предзасилувач IC CXD90035 за STR-DN1060 потполно го одделува заземјувањето од IC и го вади надвор од IC. Како резултат на тоа, пречките помеѓу секоја фаза се елиминираат и се добива неверојатно стабилно засилување кое создава висококвалитетен звук со богати ниски фреквенции. Освен тоа, новиот дизајн на внатрешното електронско коло на засилувачот ги подобрува останатите карактеристики и го намалува изобличувањето, за да се добие поамбиентален звук.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

Моќен засилувач

STR-DN1060 нуди подобра структурна стабилност за подобар звук преку патеката на аналогниот сигнал. Ова електронско коло е сместено на посебна стаклена плоча за да се добие поголема брзина и моќност.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

Вакумски затворен и прецизен кристален осцилатор со мал фазен шум

Наменет за сите тактни сигнали од HDMI изворите на звук, новосоздадениот вакумски затворен и прецизен кристален осцилатор со мал шум овозможува намалување до 40% на фазниот шум за разлика од претходните стандардни кристални осцилатори. Тој е доволно цврст да го задржи контактот поради неговите својства на прилепување со кварц, дури и при силни механички потреси. Овој метод значително ги намалува девијациите кај тактните сигнали, што резултира со јасно звучно поле со богат и подлабок бас.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

Електронско коло за елиминирање на девијациите

Кај STR-DN1060, за сите дигитални аудио извори се користи електронско коло за елиминирање девијации од тип ES. Тоа претставува комбинација од внимателно прилагодени аналогни и дигитални PLL електронски кола. За разлика од стандардниот метод, целната вредност не е главниот влезен тактен сигнал, туку темпиран референтен сигнал на прецизниот кристален осцилатор. Ова аналогно PLL коло има висока гранична фреквенција, на која ѝ претходи девијација со низок темпиран референтен сигнал. Освен тоа, електронското коло содржи и дигитален PLL кој ги споредува главниот влезен тактен сигнал и VCO.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

Локализирано аналогно напојување со енергија

Напонот на патеката за заземјување на напојувањето околу уредите се регулира локално за минимизирање на елементите во високите фреквенции, со што се намалува електромагнетното зрачење од електронското коло и се елиминира шумот во патеката на аналогниот сигнал и во електронското коло на засилувачот. Овој дизајн нуди подобрување во соодносот помеѓу сигналот и шумот кај дигиталните аудио сигнали и дигиталните видео сигнали, така што нискофреквентниот звук е подефиниран и има поголема острина и реалистичност.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

Електрични компоненти прилагодени од Sony

Во главниот уред за напојување се користат големи специјално изработени електролитички кондензатори. Во сите патеки за аналогни сигнали се користат избрани аудио отпорници. На одредени важни места се користат големи отпорници во комбинација со стандардните. Куќиштето со поголеми димензии овозможува помали варијации на импедансата од кој било термален ефект предизвикан од течењето на струјата. Тоа му помага на засилувачот да постигне подобро ниво на обработка на звук.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

Врвна конструкција за оптимален звук

STR-DN1060 се одликува со дизајн и компоненти со највисок квалитет - за оптимални перформанси на слика и звук. Цврстото челично куќиште има зајакната конструкција за намалување на надворешниот притисок на звучникот и добивање пофокусиран звук. Сите четири агли се дизајнирани за да овозможат подобра потпора за тежината на трансформаторот за напојување и ладилникот. Дизајнот на ладилникот овозможува максимален влез на воздухот во електронското коло на засилувачот, што придонесува за толеранција на голем звучен притисок – со цел да се добие моќен и префинет звук.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

Трансформатор за напојување со голем капацитет

Процесот на вакумско лакирање овозможува рамно и подеднакво лакирање на внатрешните кабли на трансформаторот за напојување. Користењето на мал бакарен прстен и челичен ремен кој не создава шум околу калемот и јадрото спречува појава на шум. На овој начин се добива богат бас и неверојатна репродукција на детали во сликата, како и посилен бас и понизок фреквентен опсег. Нивото на детали помага во создавање попрецизни акустични вокали и бас, со што се добива ново чувство на јасност во просторот.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

Дизајн на ладилникот 

Со анализирање на формата на ребрата и контролирање на изедначеноста добивате одличен и стабилен звук. Електронското коло на засилувачот има поголема издржливост на несаканиот звучен притисок.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

Дигитална електронска плоча 

Електронската плоча за дигиталната фаза е прицврстена со силни метални држачи кои нудат заштита од звучниот притисок на звучникот. Овој ладилник ја презема улогата за заштита на дигиталното електронско коло од несакано зрачење и го заштитува електронското коло со висока импеданса во главното куќиште од непотребен шум, поради што се добива појасен и квалитетен звук.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1060

Втора генерација на лемење со ES

Долгогодишното искуство на Sony во инженерство на звук и континуираното тестирање на звук придонесе за создавање квалитетен звук со лем од ES класа. На лимената основа со голема чистота ѝ се додаваат мали количини на специјално избрани метални елементи за да се добие специјална легура која обезбедува многу јасен звук со брз одзив.