A/V-ПРИЕМНИЦИ

Стерео приемник со моно влез и можност за поврзување преку Bluetooth® | STR-DH190

STR-DH190
Слика од Стерео приемник со моно влез и можност за поврзување преку Bluetooth® | STR-DH190
Слика од Стерео приемник со моно влез и можност за поврзување преку Bluetooth® | STR-DH190
Слика од Стерео приемник со моно влез и можност за поврзување преку Bluetooth® | STR-DH190
Слика од Стерео приемник со моно влез и можност за поврзување преку Bluetooth® | STR-DH190
Создадени за колекција на плочи 

STR-DH190 ги обединува вашите плочи и дигитална музика. Тој е совршено надополнување за грамофоните PS-HX500 или PS-LX300USB, а ќе можете и лесно да избирате помеѓу аналогна и дигитална музика со можноста за поврзување преку BLUETOOTH® што ќе ја обедини целата ваша опрема.

STR-DH190 со моно влез
Поврзете грамофон преку моно влезот 
STR-DH190 со Bluetooth®
Поврзување преку Bluetooth®
STR-DH190 со Bluetooth®
Попаметно поврзување преку Bluetooth® 

Освен што може да се поврзете со STR-DH590 преку Bluetooth® и да ги репродуцирате сите омилени песни, достапен е и режим на подготвеност со Bluetooth® што може да го вклучи вашиот приемник директно преку впарениот паметен телефон или таблет-уред.

Поврзете ја целата ваша опрема 

STR-DH190 има четири аналогни влезови и еден излез за едноставно поврзување на вашиот уред за снимање звук и другата аудио опрема. 

Создаден за врвно уживање при слушањето 

Секоја компонента на STR-DH190 е дизајнирана за детали и острина на звукот.

Моќен засилувач за минимално изобличување

Дискретен засилувач што нуди голема моќ и чист звук. 

Куќиште на STR-DH190
Прецизен звук со зацврстено куќиште

Зајакнатата конструкција на куќиштето го намалува пренесувањето на вибрации од звучниот притисок на звучникот, при што создава понасочен и помоќен звук.

Ладилник на STR-DH190
Професионално дизајниран за намалување на вибрациите

Цврстите делови не дозволуваат поместување на ладилникот со што се намалува пренесувањето на вибрации од звучниот притисок на звучникот. 

STR-DH190 со моно засилувач и трансформатор
Одличен распоред за засилувачот и трансформаторот 

Моно засилувачот и трансформаторот се оптимално поставени за минимизирање на пречките од магнетното поле.

Флексибилно поставување на звучници 

Функцијата A+B на STR-DH190 ви овозможува да поврзете два пара предни звучници. Можете лесно да избирате меѓу A или B или да ги користите заедно за да поврзете звучници за надворешна употреба или да ги поставите во друга просторија од истиот засилувач.

STR-DH190 со звучник A+B

Спецификации и функции

Стерео-приемникот STR-DH190 нуди квалитетен звук од грамофонски плочи и дигитална музика преку BLUETOOTH®. Впарете го уредот со грамофони како што се PS-HX500 или PS-LX300USB за да ги засилите вашите плочи.
  • Звук што е усогласен со PS-HX500 и PS-LX300USB за оптимални перформанси

  • Влезен моно приклучок за поврзување со грамофон

  • BLUETOOTH® за лесно поврзување со мобилни уреди

  • Дизајниран за извонреден квалитет на звук

  • Функција за звучник A и B за флексибилно поставување

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина