Без разлика дали разменувате tweet пораки, споделувате фотографии или снимате песна, апликациите за VAIO ќе го претворат вашиот VAIO® компјутер во моќна креативна машина.
Imagination Studio™ VAIO Edition ќе го предводи вашиот креативен проект
Размислувајте амбициозно со овој практичен пакет од четири моќни апликации за VAIO. Создавајте оригинална музика. Вршете професионално уредување на звук. Правете прекрасни DVD содржини. А згора на сè, олеснете си ја работата со водичите Jump Start и сеопфатниот центар за помош.
Можеби имате толку многу убави слики и видео снимки на вашиот компјутер, што не можете да ги пронајдете. PlayMemories Home од Sony ќе ви овозможи да ги организирате и подобрите сите содржини со забавни апликации.
Фотографиите и видео снимките се организирани по датумот и времето на снимање. Пронајдте ги брзо, а потоа погледнете ги.
Збогатете ги вашите приказни со информации за локациите на кои се снимени фотографиите и видео снимките, со помош на компатибилни фото апарати од Sony.
Испраќањето поединечни слики одзема многу време. Оваа апликација за VAIO ви овозможува моментално споделување на фотографии или видео снимки во јавни или лични албуми, како и нивно вчитување директно на веб-сајтовите на социјалните мрежи.
Бидете на повеќе места, на полесен начин
Најголемиот предизвик на социјалните медиуми е да се следат и да се биде во тек со различни блогови, ажурирања, tweet пораки, објави, вести и видео снимки од мачки што свират на пијано, но потполно редизајнираниот Socialife на Sony го нуди решението.
Моментално и интуитивно
Беспрекорно пребарување без прекин во работниот процес. Лесно пребарувајте зборови на екранот и погледнете практична табла со резултати од интернет, заедно со вашите апликации, фајлови и фолдери.
Апликацијата TV SideView го претвора вашиот таблет уред, лаптоп или паметен телефон во далечински управувач. Пребарувајте содржини, кажете им на пријателите за најновите вести и, се разбира, менувајте стотици канали со едно движење на прстот - или, пак, со едноставна гласовна наредба.
Заборавете на неважните рекламни пораки. Со Sony Select, можете да гледате специјални понуди, апликации, совети и многу повеќе, поврзано само со вашиот модел на VAIO.
Сеопфатната услуга VAIO Care од Sony нуди автоматска проверка на перформансите, решавање на проблеми, практични алатки за дијагностика и многу повеќе, обезбедувајќи целосна грижа за вашиот VAIO.