Вашите омилени апликации, подобрени

Извлечете максимум од вашите омилени апликации со уникатните функции за забава што ги нудат нашите паметни телевизори.

Google Play нуди повеќе од 7.000 и игри за вашиот телевизор    

Направете кино во домот и гледајте филмови што ги добивате со BRAVIA XR™

Достапен е огромен број на филмови што чекаат на вас. Со технологијата BRAVIA XR, Pure Stream™ и IMAX® Enhanced, сите содржини што ги гледате ќе имаат одлична слика и извонреден звук.

Повеќе забава со врвен квалитет, како што замислил креаторот

Creator Calibrated Mode на телевизорите BRAVIA XR ги оптимизира поставките за слика кога гледате содржини на Netflix и BRAVIA CORE. Netflix Adaptive Calibrated Mode го оптимизира вашето доживување на Netflix во зависност од осветлувањето во вашата соба, овозможувајќи ви да уживате во содржините на Netflix со неверојатен филмски квалитет.

Четиричлено семејство гледа телевизија на црвен кревет и јадат пуканки
Еве како треба да изгледаат филмовите

Погледнете ги вашите омилени филмови на потполно нов начин со повеќе возбуда и реализам на телевизор што е дизајниран да обезбеди реално филмско доживување во домот.

Лого за IMAX Enhanced

Некои телевизори од Sony се производи со IMAX Enhanced што се одликуваат со висококвалитетни бои, контраст, острина и звук. Бидете сигурни дека ќе уживате во прекрасна домашна забава со максимално искористување на придобивките од содржините IMAX Enhanced.

Лого за Dolby Vision / Atmos

Забавувајте се како во кино кога сте во домот. Dolby Vision™ внесува живописни бои и реалистичност во сцените за подобро доживување при гледањето, а Dolby Atmos™ ја исполнува просторијата со прекрасен опкружувачки звук.

Забавата што ја сакате. Со помош од Google.

Гледајте повеќе од 700.000 филмови и серии на едно место. Google TV ви ги нуди омилените содржини од сите ваши апликации и претплати и ги организира специјално за вас. Пронајдете конкретен наслов со вашиот глас. Или пребарувајте препораки поопширно со изговарање „show me sci-fi adventure TV shows“.