Blu-ray систем за домашно кино
Подобрете ги содржините кои ги гледате и слушате
Седнете токму во центарот на случувањата – со Full HD 3D филмови и 2.1-канален опкружувачки звук. Гледајте како секоја сцена станува реалистична со живописни детали и чист звук, само седнете и уживајте. Ќе можете дури и да проследувате песни од вашиот Smartphone уред кој поддржува NFC со само еден едноставен допир.
Слушајте звук насекаде околу вас
Внесете нова енергија во вашите филмови и музика со системот за опкружувачки звук со 2.1 канали. Двата звучници и сабвуферот со вкупна моќ од 150W во комбинација со засилување на басот овозможуваат јасен и динамичен звук. Пуштете го вашиот омилен филм или музички албум и почувствувајте ја разликата.
Слушање со еден допир
Споделувајте музика од вашиот паметен телефон или таблет уред кој поддржува NFC и Bluetooth® со еден допир на вашиот систем за домашно кино. Или, пак, проследувајте музика од компјутер, iPhone, iPad или iPod* преку Bluetooth®. Без разлика што репродуцирате, технологијата за подобрување на дигиталната музика ќе го исчисти звукот.
Безжично споделување филмови и слики.
Благодарение на вградениот Wi-Fi®, ќе можете лесно да поврзeте Smartphone уред, лаптоп, таблет уред или да се поврзете директно на интернет – без потреба од кабли кои создаваат неред. Проследувајте секаков вид на забава, почнувајќи од вашите фотографии и листи за репродукција па сè до филмови на интернет, интернет телевизија и видео записи на YouTube™.
Откријте свет на интернет забава
Дали изгледавте сè од вашата филмска збирка? Единственото ограничување во Sony Entertainment Network е вашата имагинација – проследувајте HD филмови, милиони песни кои може да ги репродуцирате низ вашиот дом, омилени ТВ канали, а ќе добиете и интернет пребарувач и апликации за време, новости, игри и многу повеќе.
Одличен изглед со беспрекорен стил
Нашите најнови системи за домашно кино го презентираат нашиот нов дизајн Sense of Quartz, кој е инспириран од рабови од сечено стакло и блескави ефекти на кристалите. Од звучници до далечински управувачи, секој елемент внесува чувство на префинет и дискретен стил во просторот каде што живеете.
Уживајте во филмови со вистинска моќ
Добијте квалитет на слика кој навистина ќе ве внесе во случувањата. Гледајте 2D и 3D Blu-ray Disc™ или DVD содржини во Full HD со природни бои и остри детали. Дури и видео записите од интернет ќе изгледаат подобро отколку на вашиот компјутер, благодарение на интелигентните подобрувања на сликата.