Прескокни до содржина
Слика од Blu-ray систем за домашно кино со Bluetooth®
Слика од Blu-ray систем за домашно кино со Bluetooth®

Звук и слика во совршена хармонија

Дали сте подготвени да се чувствувате како во кино? Подгответе се за неверојатна возбуда кога ќе гледате Full HD 3D Blu-ray™ филмови, 5.1-канален опкружувачки звук кој ќе ја исполни просторијата и моментален безжичен пристап до музиката на вашиот Smartphone уред или таблет уред. Само опуштете се на вашиот кревет и уживајте во претставата.

Звук кој ќе ве привлече

Дајте им на вашите омилени филмови и музика третман со пет ѕвезди – т.е. 5.1-канален третман. Четирите сателитски звучници и сабвуферот нудат комбинација од иновативни функции, како засилување на басот за добивање на прецизен и моќен звук кој ќе ја исполни просторијата.

Слушање со еден допир

Споделувајте музика од вашиот паметен телефон или таблет уред кој поддржува NFC и Bluetooth® со еден допир на вашиот систем за домашно кино. Или, пак, проследувајте музика од компјутер, iPhone, iPad или iPod* преку Bluetooth®. Без разлика што репродуцирате, технологијата за подобрување на дигиталната музика ќе го исчисти звукот.

Безжично споделување филмови и слики.

Благодарение на вградениот Wi-Fi®, ќе можете лесно да поврзeте Smartphone уред, лаптоп, таблет уред или да се поврзете директно на интернет – без потреба од кабли кои создаваат неред. Проследувајте секаков вид на забава, почнувајќи од вашите фотографии и листи за репродукција па сè до филмови на интернет, интернет телевизија и видео записи на YouTube™.

Откријте свет на интернет забава

Дали изгледавте сè од вашата филмска збирка? Проследувајте HD филмови, милиони песни кои може да ги репродуцирате низ вашиот дом, омилени ТВ канали, а ќе добиете и интернет пребарувач и апликации за време, новости, игри и многу повеќе.

Одличен изглед со беспрекорен стил

Нашите најнови системи за домашно кино го презентираат нашиот нов дизајн Sense of Quartz, кој е инспириран од рабови од сечено стакло и блескави ефекти на кристалите. Од звучници до далечински управувачи, секој елемент внесува чувство на префинет и дискретен стил во просторот каде што живеете.

Уживајте во филмови со вистинска моќ

Добијте квалитет на слика кој навистина ќе ве внесе во случувањата. Гледајте 2D и 3D Blu-ray Disc™ или DVD содржини во Full HD со природни бои и остри детали. Дури и видео записите од интернет ќе изгледаат подобро отколку на вашиот компјутер, благодарение на интелигентните подобрувања на сликата.

Спецификации и функции
Систем на звучници
1-системски
Фреквентен појас (FM / AM)
FM
Однапред избрани станици (FM / AM)
20 (FM)
Излезна моќност
1000W
Вид на форма
5.1
Влезни и излезни приклучоци
HDMI ВЛЕЗ/ИЗЛЕЗ (0/1), USB ВЛЕЗ (1 преден), USB тастатура, АНАЛОГЕН АУДИО ВЛЕЗ: ПИНСКИ ПРИКЛУЧОК (1), ОПТИЧКИ АУДИО ВЛЕЗ (1), ПРИКЛУЧОК ЗА ЕТЕРНЕТ (1)
Blu-ray Disc™
ДА
Blu-ray 3D™
ДА
DVD
ДА

Што има во пакетот

Упатство за употреба, Далечински управувач:, FM антена (заоблена / тип T), Batteries, Водич за брзо поставување, *Производите може да се разликуваат во зависност од земјата и моделот

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина