Вие одлучувате додека снимате. Напредната акциона камера од Sony ги претвора авантурите со велосипеди во спектакуларни акциони видеоснимки, а вие ќе бидете и режисер и главна улога.
Прекрасни патеки, огромни рампи. Возбудливи скокови, вртења, возење на едно тркало. Изберете галантерија за акционата камера за сигурно прикачување, стабилни снимки, приказ од повеќе камери, далечинска контрола и многу повеќе за да ги снимите најдобрите снимки од лична перспектива додека возите. Доловете го секое движење со реалистични 4K и HD слики со стерео звук од Sony.
Missing Video data!
Извлечете максимум од акционата камера и галантеријата за да ги претворите авантурите со велосипедот во прекрасни видеоснимки. Ослободете ги рацете и насочете го вниманието кон возењето со далечинскиот управувач со прегледување во живо. Користете го за контрола на снимањето, проверка на аглите и контролирајте до пет камери истовремено. Следете ја рутата и брзината со вградениот GPS. Претворете го нестабилното возење во јасни видеоснимки со стабилизацијата на слика.
Снимајте неверојатни снимки со изборната опрема. Носете ја акционата камера на глава за уникатни снимки од лична перспектива и добијте непречен приказ од вашата рута. Прикачете ја камерата на рамот или на рачките од велосипедот за да снимите поинакви снимки или, пак, користете комплет за рака и прилагодувајте го аголот прецизно.