Софтвер и апликации
Претворете ги авантурите во видеоснимки за паметење. Извлечете максимум од акционата камера со софтверот за компјутер, апликациите за мобилни уреди и поддршката по снимањето.
Искористете го овој бесплатен софтвер за уредување видеоснимки за да добиете импресивен краен производ. Користете забавени/забрзани движења, приказ на GPS податоци, спојувајте повеќе видеоснимки на еден екран и многу повеќе.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Ако ви треба помош за користење на софтверот Action Cam Movie Creator, посетете го овој веб-сајт и погледнете ја практичната видеоснимка. Лесно можете да направите прекрасни видеоснимки.
Интуитивна апликација за мобилни уреди која ви овозможува „да се докажете“ во секое време и на секое место - преку лесно уредување на видео со забрзани снимки, забавени/забрзани движења и безжично префрлување на видео фајлови.
Префрлете ги видеоснимките. Зголемете ја забавата со ефекти. Забавени движења за возбуда, а брзи за да се насмеете. Вметнете музика во заднина. Споделете!
Уживајте во далечинско снимање додека гледате на екранот на паметниот телефон или таблет-уредот. Користете ја апликацијата Imaging Edge Mobile за целосна далечинска контрола врз функциите на акционата камера.