Доловете го најдобриот пријател

Снимањето портрети од животни и фотографирањето диви животни никогаш нема да биде исто, благодарение на уникатната функција за AF на очи во реално време од Sony за животни.

Еволуција на AF на очи во реално време од Sony

Докажаниот AF на очи во реално време од Sony врз основа на AI еволуираше на повисоко ниво и сега нуди сигурно автоматско фокусирање на очи во реално време и за луѓе и за животни.

AF на очи во реално време

Дознајте сè за AF на очи во реално време од Sony

AF на очи во реално време од Sony е алатка за фотографирање и луѓе, почнувајќи од деца кои си играат па сè до портрети.

Снимајте портрети од миленичињата

Овозможувајќи автоматско фокусирање на очите на миленичињата, AF на очи во реално време за животни го олеснува снимањето портрети од животни, а треба само половично да го притиснете копчето за блендата.

Снимајте изрази на лицата во вистинскиот момент

Дури и ако разиграните кутриња не престануваат да се движат, вие ќе можете да ги доловите нивните моментални изрази со брз и прецизен фокус.

Доловете ги вашите миленичиња кога одмараат

AF на очи во реално време за животни е совршено надополнет со бесшумна бленда за да не го прекинувате времето за одмор.

Подгответе се за дивите животни

Функцијата за AF на очи во реално време за животни ќе ви помогне максимално да ги искористите кратките и неочекувани средби со дивите животни.

AF на очи во реално време сега поддржува автоматско фокусирање на очите на животните

AF на очи во реално време за автоматско фокусирање на очи

Напредната технологија за препознавање објекти врз основа на AI што се применува за функцијата AF на очи во реално време од Sony е подобрена со нов алгоритам и за луѓе и за животни. Тој овозможува брзо, прецизно и автоматско откривање и следење на очите на животните.

Префрлување во режим за животни

Функцијата за препознавање при фотографирање животни има специјална поставка во менито. Изберете „Животно“ во менито за „Откривање објекти“. Потоа активирајте препознавање на очи со притиснување на копчето за блендата до половина или со притиснување на приспособено копче.

Префрлување во режим за животни
Сигурен фокус и следење дури и во тешки услови

Сигурен фокус и следење дури и во тешки услови

AF на очи во реално време за животни функционира сигурно дури и кога има други објекти во близина или кога тие се поставени делумно пред објектот, како рамка од прозорец, дланки, дрва, грмушки или слични пречки.

Фотографии од миленичиња од поинаква перспектива

Фотографии од миленичиња од поинаква перспектива

Со подвижниот LCD-екран на фотоапаратите од серијата α може да фотографирате од различни агли или високи и ниски перспективи, а широката површина за AF и фокусот на допир го олеснуваат фокусирањето на целта.

Бесшумно фотографирање на природните изрази на лицето

Бесшумно фотографирање на природните изрази на лицето

Бесшумното фотографирање кај компатибилните фотоапарати од серијата α е идеално за фотографирање животни. AF на очи во реално време за животни го одредува и задржува фокусот, а активирањето на блендата е бесшумно; може да се користи со континуирано фотографирање.

Следење животни во движење

Широка покриеност на AF за сигурно фотографирање

Дури и ако кутрињата не престануваат да се движат, вие ќе можете да ги доловите со остар фокус благодарение на широката површина за автоматско фокусирање на фотоапаратот и функцијата за AF на очи во реално време за животни.

Како функционира

Компатибилни модели

Потребно е да го ажурирате софтверот на фотоапаратот за да можете да ја користите функцијата за AF на очи во реално време за животни.

Откријте свет на визуелно изразување