Прескокни до содржина

FDR-X3000R

4K видеоснимки. Помалку тресење.

Погледнете како акционата камера нуди нова спектакуларна слика со извонреден 4K квалитет и стабилни движења. Доловете ги вашите најдобри потези во незаборавни 4K видеоснимки.

АКЦИОНИ КАМЕРИ

4K акциона камера FDR-X3000 со Wi-Fi® и GPS

FDR-X3000R

Слика од 4K акциона камера FDR-X3000 со Wi-Fi® и GPS

Куќиште + комплет со далечински управувач за прегледување во живо

Неверојатна 4K слика. Видеоснимки со помалку тресење.

Намалено тресење со балансираниот оптички SteadyShot

Снимајте видеоснимки од лична перспектива на ново ниво со 4K резолуција. Снимајте стабилни слики како никогаш досега со балансираниот оптички SteadyShot. Снимајте насекаде со издржливиот дизајн на акционата камера.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

При употреба во близина на вибрирачки мотори може да дојде до намалување на квалитетот на сликата или дефокусирање. Добиените слики можат да се подобрат ако ја користите акционата камера со изборниот уред за апсорпција на вибрации од мотори за X3000/AS300 (AKA-MVA)

Exmor R® CMOS сензор

Exmor R® CMOS сензор со поголема чувствителност

Фотографирајте во темнина при малку светлина врз овој најсовремен сензор.

BIONZ X™ процесор на слика

BIONZ X™ процесор на слика

Снимајте брзи движења и јасни случувања во 4K со 100 Mbps.

Tessar™ објектив од ZEISS®

Tessar™ објектив од ZEISS®

Снимајте пејзажи со помало изобличување.

Изберете „Тесно“ видно поле или изберете „Широко“ за панорама.

Снимајте од зори до самрак и во затемнети простории

Менувајте го зумот преку далечинскиот управувач со прегледување во живо или PlayMemories Mobile.

Прилагодливо видно поле и слобода при зумирањето

Акциона камера заедно со управувач за прегледување во живо

Овој нов компактен далечински управувач е повеќе од обичен додаток за на рака и може да се користи како практичен монтажен управувач за многубројна изборна галантерија, вклучувајќи го и држачот за снимање.

Далечинскиот управувач се впарува преку практичен интерфејс

Подобрете ја комуникацијата помеѓу акционата камера и управувачот преку идентични интерфејси. Контролирајте го вклучувањето/исклучувањето на камерата за да зачувате енергија. Камерата може да се вклучува/исклучува преку PlayMemories Mobile.

Далечинскиот управувач се впарува преку практичен интерфејс

Едноставни функции за снимање видеоснимки

  • Снимање забрзани снимки во 4K
  • TC/UB
  • GPS
  • Highlight Movie Maker

Одлична заштита за секакви услови

За снимање неограничено колку вашата имагинација

Подгответе се за снимање со соодветна заштита. Самото куќиште на акционата камера е отпорно на прскање и мраз, а испорачаното куќиштето за под вода е отпорно на прав, удари и вода на длабочина до 60 м/197 ft.

БЕЗ КУЌИШТЕ
СО КУЌИШТЕ

Прилагодете ја и дизајнирајте ја акционата камера според вашите потреби

Набавете ја соодветната галантерија за зголемување на можностите за снимање. На пример, изберете го новиот држач за прсти (AKA-FGP1) или MC заштитникот (AKA-MCP1) за подобро снимање и подобрување на висококвалитетните резултати.

Држач за прсти (AKA-FGP1)

Прикачете ја и поврзете ја акционата камера со далечинскиот управувач со прегледување во живо за да го проверите кадарот и да снимате додека одите.

MC заштитник (AKA-MCP1)

Го заштитува објективот од нечистотии и гребнатини без употреба на испорачаното куќиште за под вода. AR слојот ги елиминира одблесоците.

Акциона камера, во акција

Снимајте ваши 4K видеоснимки

Дознајте како да гледате, зачувувате и уредувате 4K видеоснимките снимени со вашата 4K Handycam® или акциона камера.

Спецификации и функции
Акционата камера FDR-X3000 ви овозможува да снимате возбудливи 4K видеоснимки од лична перспектива со неверојатно стабилна слика со помош на напредниот балансиран оптички SteadyShot. Сигурното куќиште кое е отпорно на прав/прскање може да се користи самостојно, а со испорачаното куќиште за под вода може да се користи до длабочина од 60 м/197 ft. Напредните функции вклучуваат снимање забрзани снимки во 4K и многу повеќе.
  • 4K Ultra HD за четири пати повеќе детали од Full HD

  • Намалено тресење со балансираниот оптички SteadyShot

  • Во целосната контрола врз камерата спаѓа и вклучување/исклучување преку испорачаниот RM-LVR3.

  • Новиот кориснички интерфејс нуди интуитивно ракување со камерата.

  • Снимајте под саканиот агол со прилагодливо видно поле и зумирање.

Вид на објектив
Tessar од ZEISS®
Тип на сензор
„Exmor R®“ CMOS сензор со задно осветлување од 7,20 мм (тип 1/2,5)
Отпорност на вода
До 60 м со испорачаното куќиште за под вода (MPK-UWH1)
Отпорност на прав
Со испорачано куќиште за под вода (MPK-UWH1)
Отпорност на удари
Со испорачано куќиште за под вода (MPK-UWH1)
Влезни и излезни приклучоци
Микро HDMI излез, Отвор за мемориска картичка, Повеќе/микро USB приклучок, Стерео мини приклучок

Што има во пакетот

Комплет батерии на полнење (NP-BX1), Микро USB кабел, Водич за запознавање, Куќиште за под вода (MPK-UWH1), Тока за прикачување

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина