Исто како и со Full Array, телевизорите со Mini LED контролираат површини од задното осветлување за јасен приказ на темните и светлите субјекти. Но, LED-светилките на задното осветлување од типот Mini LED се многу помали и погусто распоредени, па затоа треба да се контролираат попрецизно. Нашите телевизори со Mini LED имаат неверојатно прецизна контрола на задното осветлување што е ексклузивна за Sony - XR Backlight Master Drive. Затоа ќе уживате во најдобриот и најпрецизниот можен контраст, без одблесоци.
Нашата уникатна технологија XR Backlight Master Drive користи алгоритам за локално затемнување од Sony што контролира илјадници мали и густо распоредени LED-светилки со апсолутна прецизност и независност. На тој начин прикажуваат ненадминат динамички опсег со неверојатно длабоки црни тонови и прекрасни светли тонови.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Контраст како во кино со прецизни и длабоки црни тонови и уште посветли тонови.
Телевизорите BRAVIA® од Sony опремени со технологијата Full Array LED, како што е новиот 4K HDR-телевизор XG95 со Full Array LED, ви нудат уште подобро доживување при гледањето со прекрасен контраст со богати темни и живописни светли бои што создаваат максимално светли и темни тонови на телевизорот.
Проблеми со длабоки црни тонови и многу светли тонови.
Еден ред LED-диоди се обидува да ја балансира светлината низ целата слика. Темните делови не се доволно темни, светлите делови не се доволно светли - поголема веројатност за ефект на сјаење.
*Симулирани слики.
*Симулирани слики.
Посветли бели и подлабоки црни тонови.
Јачината на LED-диодите може да се прилагоди во зависност од сцената. Осветлување на светлите површини, затемнување на темните површини.
*Симулирана слика.
Вистинските придобивки од Full Array LED со локално затемнување се пореалистични светли тонови, попрецизни детали во сенките и подлабоки и потемни црни тонови. Добар пример за ова е гледањето на месечината на ноќното небо. Кај телевизорите со осветлување на рабовите или директно осветлување, светлината се намалува за да се прикаже поцрно ноќно небо (или обратно), а црните тонови повторно ќе изгледаат сини или сиви. Кај телевизорите со Full Array LED со локално затемнување (како XG95) добивате прекрасна и природна слика со јасна и светла месечина и реално темно ноќно небо.
осветлување рабови/директно осветлување
Многу LED-телевизори имаат „осветлување на рабовите“ што значи дека имаат лента со LED-светилки поставена на долната страна или странично на екранот. Овој дизајн е добар за правење тенки и достапни телевизори, но не е добар за прикажување сцени со многу светли и темни површини истовремено. Светлите површини нема да бидат толку светли, а црните површини ќе изгледаат сиви или сини.
И телевизорите со директно осветлување имаат ист проблем. Наместо да се постави лентата со LED-светилки на работ, таа се поставува директно зад екранот за да испраќа светлина преку екранот. Иако на овој начин може да добиете повеќе светлина, можно е да се појави „прстенеста“ светлина околу светлите предмети наспроти темна заднина, помалку прецизни бои во темните површини и подебел дизајн на телевизорот.
*Симулирани слики.
ПОГЛЕДНЕТЕ ТЕЛЕВИЗОРИ BRAVIA XR СО MINI LED
ПОГЛЕДНЕТЕ ТЕЛЕВИЗОРИ СО FULL ARRAY LED