Прескокни до содржина
Televisions

3D телевизори

Нурнете се во случувањата со нашите 3D телевизори. Разгледајте ја нашата палета подолу и пронајдете го совршениот модел за да уживате во филмови, емисии и содржини од интернет во три возбудливи димензии.

Добијте нова димензија на забава

Внесете кино доживување во домот со нашите најдобри 3D телевизори. Технологијата за висококвалитетна слика ја подобрува секоја сцена, а нашиот прецизен звук предизвикува силни емоции. Ненадминато и навистина прекрасно доживување при гледањето.

Филм во 3D на 3D телевизор
Јасни слики на најдобриот 3D телевизор од Sony

Нова дефиниција за 3D доживување

Уживајте во уникатно 3D доживување. Нашите 3D телевизори веќе не користат двојни слики, а треперењето од светлосните извори е намалено. Сликата кај нашите најдобри 3D телевизори е осветлена, независно дали гледате во темна или светла просторија.

Извонреден квалитет на слика

X-Reality PRO ги чисти и обработува сликите за да го намали шумот на сликата, а Motionflow XR овозможува јасни движења. Белите диоди кај нашите LED 3D телевизори го осветлуваат екранот, па затоа секоја 2D и 3D слика изобилува со живописност и детали.

Паметен 3D телевизор со одличен квалитет на слика
Јасен звук со LED 3D телевизор од Sony

Внесете реалистичност во звукот

Clear Phase го прилагодува фреквентниот опсег, а S-Force PRO Front Surround создава реалистична јасност. Зумирањето гласови ги нагласува сите зборови во дијалозите, а повеќето наши 3D телевизори содржат звучници со долг канал за громогласен бас.

Цел свет на дофат на вашите прсти

Проследувајте филмови и програми од интернет или гледајте содржини зачувани во паметниот телефон. Користете прегледување социјални медиуми на 3D телевизорот и гледајте ги случувањата со пријателите преку Skype. Поништување на ехо за јасни разговори.

Социјално споделување на паметни 3D телевизори од Sony
Далечински управувач за 3D телевизор

Сè што е потребно е едно повлекување со прстот

Уживањето во 3D телевизорите е лесно со забавата со еден допир. Едноставниот далечински управувач и моќниот интерфејс дизајниран од BRAVIA овозможуваат брзо пребарување ТВ канали, фотографии и интернет содржини на паметните 3D телевизори.