Прекрасно. Реално.

360 Reality Audio

Потонете во звук што доаѓа од сите страни. Толку е реален што ќе се чувствувате како на концерт во живо или како да сте со изведувачот во студио. Со 360 Reality Audio, музиката никогаш не била пореална.

Уживајте во 360 Reality Audio

Погледнете ги видеозаписите користејќи слушалки за да дознаете повеќе и да уживате во 360 Reality Audio

Како звучи со слушалки
Како звучи преку звучници
Споредба помеѓу 360 Reality Audio и стандарден стерео звук

Ставете ги вашите слушалки и погледнете го видеозаписот.

Како функционира со слушалки

Откако ќе се претплатите на компатибилна услуга за проследување музика, ќе можете да уживате во 360 Reality Audio преку слушалки и паметни телефони.

апликација на услуга за проследување
Преземете апликација за проследување музика во телефонот
услуга за проследување
Претплатете се на услуга за проследување музика
сите слушалки
Слушајте со какви било слушалки
Компатибилни услуги за проследување музика

Уживајте во сè поголема збирка на песни со 360 Reality Audio, содржини од познати изведувачи и каталог со легендарни содржини преку нашите партнери што нудат услуги за проследување музика.

Подобрете го вашето доживување преку приспособување

Со одредени слушалки од Sony и со апликацијата Sony | Headphones Connect може да го оптимизирате вашето доживување преку анализирање на формата на вашите уши, а потоа да уживате во најдоброто музичко доживување.

Како да прилагодите
Headphones Connect
Пријавете се во услуга за музика и поврзете одредени слушалки од Sony со Sony | Headphones Connect
Доловете и анализирајте
Снимете слики од вашите уши и направите приспособена анализа
анализирајте
Резултатите и услугата за проследување ќе ви овозможат прекрасно музичко доживување.

ИЗБРАНИ СЛУШАЛКИ ОД SONY ЗА ПОДОБРО ДОЖИВУВАЊЕ

Како функционира со звучници

Претплатете се на услуга за проследување музика со 360 Reality Audio и уживајте во ново музичко доживување со компатибилни звучници или AV-приемници.

Поврзување на wi-fi-мрежа

Поврзете го вашиот паметен телефон и уредот за 360 Reality Audio на истата Wi-Fi-мрежа.

Апликации со претплата за проследување

Преземете компатибилна апликација со претплата за проследување музика во паметниот телефон.

Икона за проследување

Допрете ја иконата „Cast“ во вашата апликација за проследување музика за да проследувате 360 Reality Audio кон вашиот звучник или AV-приемник, контролирајќи ја репродукцијата преку паметниот телефон.

Компатибилна услуга за проследување музика

Уживајте во сè поголема збирка на песни со 360 Reality Audio, содржини од познати изведувачи и каталог со легендарни содржини преку нашиот партнер што нуди услуги за проследување музика.

Реакција на изведувачот

Погледнете како реагираше Kane Brown кога го слушана прекрасниот звук на неговите песни со 360 Reality Audio.

Примероци од музика на изведувачи
Создадете прекрасно музичко доживување
Дознајте повеќе на веб-сајтот за поддршка од Sony

Веб-сајтот за поддршка од Sony нуди практични информации за тоа како да уживате во технологијата 360 Reality Audio со вашите производи од Sony. Посетете го веб-сајтот и дознајте сè што треба да знаете за оваа нова технологија.

Партнери за соработка за компатибилните уреди за репродукција