Прескокни до содржина

VAIO Inspiration Stream™

Лесно обликување на идеите

VAIO Inspiration Stream™ ќе ја заживее вашата креативност со помош на моќниот пакет апликации и функции кои ќе ви овозможат врвно снимање, уредување и споделување со безбројни можности.

Не го запирајте работниот процес

Едноставна замена за хартијата.

VAIO Inspiration Stream™ им помага на деловните професионалци, студенти и креативни лица да работат подобро, побрзо и без прекин. Снимете фотографија од вашата најнова идеја, обележете ја, изменете ја и споделете ја со сите. Сето ова без да допрете ниту еден лист хартија.

Алатки за современи професионалци

Без разлика какви се потребите во вашето работно опкружување, софтверот VAIO Inspiration Stream™ е неопходен - ја зголемува вашата продуктивност и ви остава време да бидете креативни.

Уверете се самите во подобрениот работен процес

Од скенирање и уредување на хартиени документи па сè до прикажување графички елементи за презентации, VAIO Inspiration Stream™ ви ги олеснува сите секојдневни задачи.

Создавајте, уредувајте и споделувајте ги вашите идеи

VAIO Inspiration Suite е колекција од три основни апликации: VAIO Paper, VAIO Clip и Camscanner. Беспрекорното и интуитивно доживување ќе ви овозможи да го реализирате светот на VAIO Inspiration Stream™.

  • Скенирање
  • Отсекување
  • Уредување
  • Споделување
VAIO® Paper

VAIO Paper

VAIO Paper ви нуди практични опции за правење на белешки, претворање на ракописот во текст, снимање на гласовни белешки и споделување со други уреди.

VAIO® Clip

VAIO Clip

Создадете привлечни презентации со VAIO Clip: користете го дигиталното пенкало за брзо избирање, копирање и отсекување на слики, кои потоа можете да ги вметнете во нови документи.

CamScanner

VAIO Scan

Направете ги сесиите на таблата уште покорисни со VAIO Scan, која ви овозможува брзо уредување и споделување на скенираните забелешки и документи.

Моќ од Adobe, преносливост и практичност

Носете ја креативноста насекаде со пренослив лаптоп или таблет уред.

Дигиталното пенкало може да се користи со вградената чувствителност на притисок на Adobe Illustrator® CC и Adobe Photoshop® CC. Можете да ја менувате дебелината на линиите со зголемување или намалување на притисокот, за да добиете подетални резултати. Или, пак, пишувајте со вашиот прст!
Згора на тоа, со однапред инсталираниот софтвер Adobe Photoshop® Elements можете веднаш да започнете да организирате, уредувате и создавате одлични фотографии за печатење и споделување.

Подобрено со Adobe Photoshop® Elements

Уредувајте и подобрувајте ги вашите фотографии со практичниот софтвер и дигиталното пенкало.

Погледнете го видео записот со упатства

Подобрено со Adobe Photoshop® CC

Запознајте се со напредните можности за обработка на фотографии и применувајте ги можностите на Photoshop® со поголема интуиција.

Погледнете го видео записот со упатства

Подобрено со Adobe Illustrator® CC

Искористете го максималниот потенцијал на алатката во вид на пенкало со поинтуитивно цртање на вектори како никогаш досега.

Погледнете го видео записот со упатства

Доловување на креативноста

Исто како да допирате на хартија со пенкало - дури и подобро.

Скицирајте ги вашите идеи и брзо фаќајте белешки со ова модерно дигитално пенкало кое нуди ненадмината прецизност и чувствителност. Или, пак, само снимете фотографија со задната камера од 8MP и погледнете ја на прекрасниот TRILUMINOS™ екран за мобилни уреди.

  • Чувствително дигитално пенкало
  • VAIO® со разновидни опции