Sony се стреми да ја создаде иднината на забавата преку моќта на технологијата, заедно со креаторите на содржини. Тука ќе ви претставиме различни содржини, како активности на Sony и содржини зад сцените.

Лого ознаки за World Athletics и за Sony Official Partner поставени врз колаж слики од различни спортски активности и слики од фотографи кои ги доловуваат моментите.

Партнерство со World Athletics

Sony, во партнерство со World Athletics, ќе користи најсовремена технологија за да им помогне на спортистите, како дел од својата цел да го исполни светот со емоции.
погледнете го видеозаписот
Лого ознаки за World Aquatics и за Sony Global Partner поставени врз пливачи кои нурнуваат во базен, прикажани од перспектива под водата.

Партнерство со World Aquatics

Ќе им понудиме возбудливи спортски доживувања на љубителите на водени спортови низ целиот свет, користејќи најсовремена технологија.
погледнете го видеозаписот
Четворица рагбисти од различни тимови стојат еден покрај друг на стадион и ги држат своите кациги во раце, а во горниот агол се гледаат ознаките NFL и Sony Official Headphones of the NFL.

Партнерство со Националната фудбалска лига

NFL и Sony соработуваат за да создадат нови можности во американскиот фудбал преку моќта на технологијата, и остануваат посветени да ја еволуираат играта заради максимална интеракција и уживање.
погледнете го видеозаписот
Слика одблиску од хокејски пак на мразот, со арената во заднина

Повеќегодишно, светско и технолошко партнерство со NHL

NHL и Sony ќе соработуваат за да им понудат подобро NHL-доживување на љубителите.
погледнете го видеозаписот
Голфер замавнува со својата палка на теренот во Хаваи, опкружен со палми, а зад него се гледа таблата за спонзорство од Sony

Sony Open во Хаваи

Sony, заедно со креаторите на содржини, имаше уникатна можност да ги долови одблиску голферите од светска класа, а притоа да ужива во прекрасните пејзажи и богатата култура на Хаваи.
погледнете го видеозаписот
2-ца луѓе стојат пред еден од ликовите од играта подготвени за борба во бела просторија, а лево од нив се прикажува логото од играта

Зад сцената на развојот на играта: mocopi x KOJIMA PRODUCTIONS

Аниматорите и дизајнерите на играта од KOJIMA PRODUCTIONS откриваат како го користат системот „mocopi“ во развојот на играта.
погледнете го видеозаписот
Фотографија од популарното аниме „Solo Leveling“ и две слики покрај неа, на едната се гледаат корисници кои го носат системот за снимање движења mocopi, а на другата се гледа производот во неговата футрола

mocopi | Зад сцената на анимираната серија Solo Leveling

За популарното аниме „Solo Leveling“ беше користен mocopi, практичниот систем за 3D-снимање на сите телесни движења. Не пропуштајте ја оваа можност да ги дознаете тајните кои се кријат зад сцените!
погледнете го видеозаписот
Главниот продуцент на PGA TOUR за теренски содржини, Jeff Garrison, снима на PGA-натпревар во голф со камера од Sony

 KINGDOM | Beyond the SCENE TALK

Специјална сесија на разговори со креаторите на содржини: продуцентот, режисерот, кинематографот и актерите на KINGDOM. Слушнете го нивното мислење за снимањето и предизвиците со кои се соочиле за изразување на нивните емоции.
погледнете го видеозаписот
Млада жена во студио која одржува лекција пред камера

Павилјон на студиото за видеопродукција KidZania Koshien

KidZania е установа во која децата дознаваат за различните професии и учат за општеството. Се надеваме дека децата ќе ја почувствуваат радоста која произлегува од реализирање на нивната креативност преку искуствата во овој павилјон.
погледнете го видеозаписот