1. НА ПОЧЕТОК
  2. >  Магазин
My Sony

My Sony:

 

Магазин

Извонреден одзив

 
Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

Live View снимање и неверојатно брз одзив

Не пропуштајте ги специјалните моменти. Ексклузивно за α, Quick AF Live View нуди комбинација на прегледувањето на сликата во живо, брз прецизен автоматски фокус и брзо континуирано снимање.

Quick AF Live View обезбедува јасна слика со висока резолуција на сцената која ја компонирате на големиот 2.7-инчен LCD екран со можност за завртување. Ова е совршен начин за задржување на контактот со очите со луѓето што ги фотографирате, без да мора да се криете зад визирот на апаратот.

Автоматското фокусирање е брзо и прецизно, овозможувајќи остар фокус дури и кај подвижните објекти. Особено ценето од корисниците на дигиталните SLR апарати, брзото континуирано снимање ви овозможува да направите голем број снимки.

Тоа има непроценливо значење кај спортските, динамичните и сцените од дивата природа, кај кои не смеете да ги испуштите ретките моменти.

LCD екран со завртување за добивање на нови креативни агли

Не ограничувајте ги вашите креативни опции. Фотографирајте со голем комфор и истражувајте ги креативните агли со α.

Осветлениот 2.7-инчен Live View LCD екран со висок контраст се завртува нагоре или надолу прилагодувајќи се кон вашата позиција. Вие ќе добиете јасен преглед на композицијата на сцената, без да мора да гледате низ визирот.

Ќе можете да ги испружите рацете нагоре и да фотографирате над луѓето на концертите и спортските настани. Или пак ќе можете да се спуштите долу и да добиете драматично различна перспектива.

На располагање ви стои и јасен и осветлен оптички визир, доколку претпочитате да го држите фото апаратот до окото. Со α вие имате поголем избор.

 
 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста