1. НА ПОЧЕТОК
  2. >  Магазин
My Sony

My Sony:

 

Магазин

OLED – наредната генерација телевизори

Отсега и во Европа

Наредната генерација на LCD телевизори - со OLED технологија (органски диоди кои емитуваат светлина) штотуку пристигна. Подгответе се за уживање во прекрасните бои и извонредно јасната слика на уредите кои се одликуваат со дебелина од само 3мм.

 

Апсолутно беспрекорни

Совршени бои, совршена слика

Промовирана во Јапонија минатата година, OLED технологијата ќе ви овозможи да ги почувствувате боите со живописност како никогаш досега.

Црните површини се навистина црни, додека белата боја станува уште побела. Моќта на овие тенки телевизори произлегува од технологијата за супер горна емисија, со која се постигнува неверојатна осветленост и интензивност на боите како никогаш досега.

Но не се само боите прекрасни. Нашите OLED уреди можеби се многу мали по волумен, но јасноста на нивната слика исто така е исклучителна.

Сликата е јасна и остра преку целиот екран без никакво заматување, дури и кога ги следите најновите холивудски хитови исполнети со динамични сцени. Како се постигнува ова? OLED технологијата на точки врши директно емитување на светлината на екранот.

Неверојатно мала дебелина

Заради дебелината од само 3мм, вие веројатно ќе се запрашате на кој начин овие тенки модели ја создаваат ваквата врвна слика.

Одговорот е едноставен. За разлика од конвенционалната LCD технологија, кај OLED моделите осветлувањето е самостојно. Ова значи дека нема потреба од задно осветлување и филтери, при што постои само еден специјален слој кој емитува светлина кога низ него проаѓа електрична струја.

Неверојатно малата дебелина не само што овозможува прекрасен изглед, туку истовремено нуди и поголема флексибилност во однос на местото на поставување на уредите во вашиот дом. Нема никаква загуба во квалитетот на сликата при гледање од кој било агол, така што вие ќе можете да се опуштите и да уживате во омилените филмови од секоја позиција.

Пријатели на животната средина

Органски материјали

OLED телевизорите исто така имаат извонредно позитивни особини во поглед на зачувувањето на животната средина.

Како што и самото име наговестува, ‘органските диоди кои емитуваат светлина’ се изработени од органски материјали. Но добрите вести не завршуваат тука.

Бидејќи не е потребно задно осветлување, за изработката на OLED уредите потребни се многу помалку материјали.

Благодарение на најсовремената технологија, енергијата се троши само при користењето, со што на елегантен начин се намалуваат и сметките за електрична енергија.

Така, можете да бидете сигурни дека овие прекрасни модерни уреди ќе ви овозможат доживување при гледањето кое ќе ги надмине сите ваши очекувања. Истовремено тие се и големи пријатели на животната средина.

Дознајте повеќе за XEL-1 OLED телевизорите

 
 
XEL-1

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста