KDL-24EX320
LED телевизорите со Internet TV се дизајнирани да заштедат простор
61см / 24”, Full HD, Edge LED телевизор со Wi-Fi®, Internet video, Skype™, X-Reality и интелигентни сензори
- Мал, тенок и стилски Edge LED екран
- Вграден Wi-Fi® за Internet video и Skype™
- Подобрени бои и high definition слика
Тенок телевизор со Wi-Fi® кој е соодветен за споредна просторија
Гледајте видео содржини од интернет и воспоставувајте бесплатни видео повици со Skype™, без кабли преку вградениот Wi-Fi®. Уживајте во моќни перформанси на сликата кои додаваат сосема ново значење на гледањето телевизија во друга соба.

Гледајте јасни и остри HD детали
Гледајте телевизија и филмови во High Definition и забележете ја разликата во квалитетот на сликата со LED задното осветлување. Уживајте во реалистични бои и остри детали со X-Reality. Тој ги подобрува дури и сликите со стандардна дефиниција за да можете да уживате во висококвалитетна слика, без разлика што ќе изберете да гледате.

Најдоброто од интернетот во секоја соба
Уживајте во видео записи од интернет и онлајн услуги во спалната, кујната или која било споредна соба. Лесно проследувајте видео записи од интернет директно на вашиот телевизор со помош на вградениот Wi-Fi®. Со новите канали кои постојано се додаваат, сега уште полесно можете да уживате во она што ќе посакате и кога ќе посакате.

Дозволете ни да го олесниме вашиот живот
Дали треба да се јавите некаде за време на рекламите? Остварувајте бесплатни видео повици на вашиот телевизор со јасни детали преку Skype™. Можете дури да поврзете и smartphone на вашиот телевизор и да пронајдете детали за ТВ програмата која ја гледате.





