ПРЕТХОДЕН МОДЕЛ

KDL-52NX800

Врвен дизајн и одлично поврзување во вмрежениот свет

52” (132см), Full HD 1080, LCD телевизор со Monolithic Design, Edge LED и вграден Wi-Fi® пристап

Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.

  • Ултра тенок минималистички Monolithic Design
  • Вграден Wi-Fi® за интернет содржини и услуги
  • Рамномерност и незаматени детали кај динамичните сцени

Награди и написи

Прочитајте повеќе

Иднината на стилот и перформансите

Соединувајќи импресивна технологија со неверојатен изглед, NX800 одново го дефинира доживувањето во дневната соба. Откријте ги извонредната LED слика, одличното поврзување со светот на интернет забавата и минималистичката елеганција, сето тоа во еден прекрасно дизајниран предмет.

 

Целосна промена на вашиот дом со елегантен дизајн

Овој модел засекогаш ќе го промени начинот на кој гледате ТВ. Тој се одликува со прекрасен тенок Edge LED екран и уникатен Monolithic Design кој ќе го надополни вашиот животен простор. Навалете го моделот под агол од 6 степени со опционалниот стилски метален држач и ќе може совршено да гледате ТВ на современ, низок мебел.

Создадете нов центар за домашна забава

Заборавете на туркањето околу компјутерот за да ги гледате омилените видео снимки на интернет. Поврзувањето со вградениот Wi-Fi® на овој модел овозможува огромен избор на интернет забава од удобноста на вашата дневна соба, без неред од кабли. BRAVIA Internet TV ќе ви го направи животот полесен и позабавен.

Уживајте во интернет светот на големиот екран

Гледајте ги програмите кои сте ги пропуштиле кога вам ви одговара со популарните услуги за истите*, проследувајте видео содржини на цел екран директно од веб-страници како што се YouTube™ и Dailymotion™, или споделувајте ги најновите ажурирања на Twitter™, Flickr™ или Facebook™ на големиот екран. Ова е телевизор кој одговара на вашиот животен стил.

Уживајте во извонредна слика и рамномерни сцени

Овој модел се одликува со најновата иновација за слика и звук, сместена во ултра тенок Edge LED екран. Следете ги динамичните сцени со детали без заматување и уживајте во неверојатниот звук од невидливите звучници. Овој модел претставува совршена комбинација на стил и перформанси.

Известувања и оградување од одговорност

*Услугите за програми кои сте ги пропуштиле зависат од достапноста.

Повеќе информации за KDL-52NX800

Регистрирајте се за добивање на списание

Зачленете се тука за да ги дознаете последните новости

 
My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста