KDL-52HX900
Пренесете го врвното филмско доживување од кината во вашиот дом
52” (132см), Full HD 1080, 3D LCD телевизор со Intelligent Dynamic Full LED и Motionflow 400 PRO
- Оптимизиран за врвна слика на домашно кино
- Живописна слика со извонредно висок контраст и прекрасни бои
- Подготвен за Full High Definition 3D доживување
Донесете го кино екранот во вашата дневна соба
HX900 е изработен да обезбеди доживување при гледањето со кино квалитет во вашиот дом. Седнете, опуштете се и дозволете Full LED технологијата на слика со високи перформанси да ве изненади додека филмовите, игрите или омилените ТВ емисии стануваат епска забава.

Уживајте во совршена слика – вклучена или исклучена
Со зголемениот контраст и внимателно контролираните детали од страна на локалното LED задно осветлување ќе уживате во богати бои, длабоки црни и најсветли бели делови. Панелот со оптимален контраст за намалување на одблесоците и минималистичниот Monolithic Design ќе се погрижат да не го пропуштите најдобриот момент во филмот.

Почувствувајте ја возбудата на динамичните филмски сцени
Следете ја секоја возбудлива филмска бркотница со извонредни детали без заматување, без разлика колку експлозивна ќе стане сцената. Овој модел користи уникатен Motionflow 400 PRO и Image Blur Reduction технологија за да обезбеди ултра рамномерни филмски сцени со реално чувство како во кино.

Подгответе се за сосема нова димензија на гледање
Заборавете на спомените од заматени слики и очилата направени од картон; овој модел е подготвен за неверојатно реалистично Full HD 3D доживување. Едноставно надградете го со галантерија од очила со активно затворање и 3D предавател и ќе се чувствувате како сте во центарот на случувањата кои се одвиваат околу вас.




