KDL-52EX700
Телевизор кој ви нуди сè, но не по цена на животната средина
52" (132см), Full HD 1080, поддршка за безжичен LAN, LCD телевизор со Edge LED екран, Motionflow 100Hz и еко-функции
Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.
- Тенок Edge LED екран и рамномерна слика кај движењата
- Поддршка за безжичен LAN за пристап до интернет услуги
- Сензори за заштеда на енергија и други еколошки функции
Забава исполнета со многу функции за секого
Извонредно тенкиот EX700 е идеален телевизор за во домот. Неверојатната ТВ слика нуди прекрасно Full HD доживување. Дизајн без неред од кабли кој без проблем одговара во секој простор. Интернет забавата ќе ве забавува со часови. Уживајте во врвни перформанси, а заштедете и на сметките за енергија.

Уживајте во неверојатно Full HD гледање
Добијте повеќе од најновата Edge LED технологија, а тоа значи дека овој модел може да биде извонредно тенок и да обезбеди неверојатно уживање во сликата. Неверојатен контраст и детали, богати бои и рамномерни динамични сцени со Motionflow 100Hz – тоа е спектакуларен начин да уживате во гледањето ТВ, филмови и игри.

Средете ја собата со дизајнот без неред од кабли
Овој модел е дизајниран за подобрување на вашиот животен простор. Неговиот чист и тенок дизајн без проблем ќе се вклопи со ентериерот на вашата соба. Тој е и Wi-Fi® Ready, така што може да пристапите до најдоброто од интернетот без нередот од грди жици.

Енергетски ефикасна забава
Овој модел помага во заштедување енергија и намалување на трошоците во домаќинството. Неговиот сензор за присуство открива кога не сте присутни и автоматски ја исклучува сликата ако излезете од собата. Со Ambient Sensor автоматски ја добивате најдобрата осветленост на сликата која ќе одговара на собата и ќе заштеди енергија кога светлата се затемнети.




