KDL-46CX520
Full HD телевизор кој е подготвен за интернет кога вам ви одговара
117см / 46”, Full HD 1080, LCD телевизор: Поддршка за безжичен LAN за пристап до видео снимки од интернет и Skype™
- Добијте јасна Full HD слика со многу детали
- Гледајте видео содржини од интернет и воспоставувајте бесплатни повици со Skype™
- Олеснете си го животот со интелигентните сензори и функции
Новиот свет ве очекува
Доколку сакате висококвалитетна Full HD слика веднаш и можност за проследување на интернет забава и содржини во иднина, ние го имаме вистинскиот телевизор за вас. Опуштете се и уживајте во слика со импресивни детали, знаејќи дека ве очекува целосно нов свет кога ќе бидете подготвени.

Најдоброто од интернет од вашиот тросед
Поврзете се на интернет и проследувајте видео записи од интернет директно на вашиот телевизор. Поддршката за безжичен LAN овозможува едноставно приклучување на USB Wi-Fi® адаптер од Sony и поврзување без кабли. Со новите канали кои постојано се додаваат, сега уште полесно можете да уживате во она што ќе посакате и кога ќе посакате.

Дозволете ни да го олесниме вашиот живот
Дали треба да се јавите некаде за време на рекламите? Остварувајте бесплатни видео повици на вашиот телевизор со јасни детали преку Skype™. Снимете ја емисијата која може да ја пропуштите директно на хард диск преку USB. Можете дури да поврзете и smartphone на вашиот телевизор и веднаш да пронајдете детали за ТВ програмата која ја гледате.





