KDL-60LX900

Пренесете ја домашната забава во една сосема нова димензија со Full HD 3D

153см /60”, Full HD 1080 LCD телевизор со вграден 3D, Edge LED и Wi-Fi® пристап до интернет содржини

  • Телевизор за домашна забава од наредната генерација
  • Вградено Full High Definition 3D доживување
  • Wi-Fi® пристап до интернет услуги и содржини

Иднината на домашната забава пристигна

Вклучете го LX900 и веќе не гледате само телевизија: ќе навлезете во возбудлив нов свет на Full HD 3D забава. Со прекрасниот, минималистички Monolithic Design, пристапот до интернет содржини и интелигентните функции, LX900 одново ќе го дефинира вашето доживување при гледањето.

 

Уживајте во неверојатно Full HD 3D доживување

Заборавете на спомените од очилата направени од картон; овој модел се одликува со најновата целосно интегрирана Full HD 3D технологија на слика. Само ставете ги напредните очила со активно затворање кои се испорачуваат со вашиот телевизор кои ќе ве одведат во неверојатно реалситични scenes сцени кои буквално излегуваат од екранот кон вас.

Запознајте се со интернет светот од вашиот тросед

Со вграден Wi-Fi®, овој модел се поврзува на интернет за момент без неред од кабли и несмасни поврзувања. Опуштете се и гледајте ги ТВ програмите кои сте ги пропуштиле*, проследувајте видео содржини на цел екран од веб-страници како што се YouTube™ или Dailymotion™ и добијте ги најновите ажурирања на Facebook™ од пријателите на телевизор.

Поедноставете го животот во домот со интелигентни функции

Овој модел се одликува со голем избор на интелигентни функции кои ќе ви го олеснат и подобрат животот. Интелигентниот сензор за присуство може да ја затемни сликата или да го исклучи телевизорот доколку никој не гледа, да ги прилагоди поставувањата за слика и звук во зависност од вашата положба во собата, па дури и да им каже на вашите деца дека седат премногу блиску до него.

Додадете уникатно присуство на дизајн во вашата соба

Овој модел се одликува со неверојатен нов Monolithic Design. Тој има уникатен минималистички стил за совршено да се вклопи со вашиот животен простор и сјајна површина на екранот која изгледа спектакуларно без разлика дали вашиот телевизор е вклучен или исклучен.

Известувања и оградување од одговорност

*Услугите за програми кои сте ги пропуштиле зависат од достапноста.

Повеќе информации за KDL-60LX900

Регистрирајте се за добивање на списание

Зачленете се тука за да ги дознаете последните новости

 
My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други Sony сајтови

© 2010 Sony Central and Southeast Europe Kft.   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста