KDL-52EX700
Телевизор кој ви нуди сè, но не по цена на животната средина
52" (132см), Full HD 1080, Wi-Fi® Ready LCD TV со Edge LED екран, Motionflow 100Hz и еко-функции
- Тенок Edge LED екран и рамномерна слика кај движењата
- Wi-Fi® подготовка за пристап до интернет услуги
- Сензори за заштеда на енергија и други еколошки функции
Особини KDL-52EX700
- Edge LED задно осветлување – бои со подобрен интензитет со GigaContrast за добивање на извонредно бели и вистински црни делови во рамките на истата слика; оваа иновативна технологија на задно осветлување нуди потенки екрани и заштеда на енергија
- Full HD 1080 – гледајте спорт, филмови и игри со врвни High Definition детали и слика со резолуција од 1920 x 1080
- Wi-Fi Ready – додадете SONY UWA-BR100 USB предавател и ќе можете едноставно да се поврзете на вашата безжична домашна мрежа, избегнувајќи го нередот од кабли
- BRAVIA Internet Video – поврзете го вашиот телевизор директно на интернет за пристап до онлајн услугите, проследување на видео содржини за цел екран и гледање на програмите кои сте ги пропуштиле (достапноста на услугите зависи од земјата)
- Motionflow 100Hz со намалување на заматеноста – уживајте во рамномерна и остра слика кај сцените со брзи движења, како спортовите или филмовите, со технологијата која нуди двапати поголем број на слики во однос на конвенционалните телевизори со 50Hz
- Сензор за присуство – технологија која открива движење пред телевизорот и која во случај да ја напуштите собата ќе ја исклучи сликата по поставеното време и ќе ја вклучи само ако се вратите (или ако не се вратите ќе се вклучи режимот на подготвеност)
- BRAVIA ENGINE 3 – уживајте во сликата со импресивни детали, оптимален контраст и реалистични тонови на боите
- Live Colour™ – изберете помеѓу четирите режими: исклучено, ниско, средно и високо, за прилагодување на параметрите на боите заради добивање на живописна слика со оптимален квалитет
- DLNA – проследувајте филмови, музика и фотографии на вашиот BRAVIA телевизор од компатибилните уреди како лаптоп компјутери, мобилни телефони и музички плеери, без оглед каде се поставени уредите во вашиот дом
- Scene Select – со едно притиснување на копче на далечинскиот управувач вие ќе можете да ги поставите најдобрите параметри за добивање на амбиентална, динамична и реалистична слика и звук, без оглед на тоа какви содржини гледате
- Режим на кино – изберете помеѓу двата кино режими за добивање на автентично филмско доживување во вашиот дом, со уникатни филмски текстури и прилагодени параметри за боите и осветлувањето
- 24p True Cinema™ – добијте автентично кино доживување и уживајте во филмовите токму онака како ги што замислил режисерот, со 24 слики во секунда
- Невидливи звучници – уживајте во совршениот спој на сликата и звукот со помош на звучниците кои се скриени во ТВ дизајнот и кои се поставени за идеално подигнување на звукот
- S-Force Front Surround – почувствувајте го целосниот ефект на дигиталниот опкружувачки звук со користење на иновативна аудио технологија и звучниците од вашиот телевизор
- Режим на рамка за слики – претворете го вашиот BRAVIA телевизор во уметничко дело преку прикажување на однапред вчитаните слики или пак ваши сопствени фотографии и одлично искористете го просторот на ѕидот дури и кога не гледате телевизија
- USB Media Player – вметнете USB уред и уживајте во филмовите, фотографиите и музиката на вашиот телевизор со користење на USB репродукција
- BRAVIA Sync – контролирајте го целиот систем за домашна забава преку оваа универзална опција кај далечинските управувачи која ќе ви овозможи да вршите репродукција или да ги прилагодувате поставките на компатибилни уреди со едно притиснување на копче
- Ambient Sensor – препуштете му на телевизорот да ја детектира осветленоста и температурата на боите на амбиенталната светлина во собата, и да ја оптимизира сликата за да можете секогаш да уживате во слика која нема да ги заморува вашите очи
- HDMI® – 4 влезови (2 задни, 2 странични, сите со CEC) кои го олеснуваат поврзувањето на High Definition изворите како Blu-ray Disc™ и PLAYSTATION®3
- Вграден дигитален антенски ТВ приемник – пристап до дигитални ТВ канали (или аналогна ТВ) преку вграден DVB-T приемник (MPEG2) така што нема да имате потреба од ресивер; ова е лесен начин за премин кон дигитална ТВ кога аналогната ќе биде исклучена
- Вграден MPEG-4 AVC HD TV приемник – заборавете ги ресиверите и пристапувајте до ТВ услугите вклучувајќи ги и HD TV каналите со помош на вградениот DVB-T и DVB-C приемник со MPEG4 AVC декодер (во зависност од земјата и поддршката на операторите)
- CI+ подготовка – вметнувајте "smart" картички со CI+ CAM за пристап до ТВ програми и канали со претплата (CI Plus е компатибилен со Digital Video Broadcasting–Common Interface така што постоечките CAM модули можат да се користат каде што е достапно)
- My Sony – регистирањето на вашиот BRAVIA телевизор не може да биде поедноставно; станете член на My Sony и добијте ексклузивен пристап до водичи, специјални понуди и друго
Ве молиме да имате предвид дека карактеристиките/спецификациите можат да бидат различни за различни земји.




