ПРЕТХОДЕН МОДЕЛ
KDL-40WE5W
102см /40" Full HD 1080 "еколошки" LCD телевизор со мала потрошувачка
Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.
Овој производ нуди: Прочитајте повеќе
Еко KDL-40WE5W
-
-
Еколошки информации
Ние постојано ги преиспитуваме нашите производни, оперативни и деловни практики со цел нашите производи да бидат развивани на најодговорен начин во однос на животната средина.
-
Производ -
Нашите BRAVIA телевизори се опремени со најнова технологија, притоа без големи последици врз животната средина
- Hot Cathode Fluorescent Lamp (HCFL) технологијата на задно осветлување со микро цевки ја зголемува ефикасноста без компромитирање на извонредниот BRAVIA квалитет на слика.
- Интелигентниот сензор за присуство открива кога ќе ја напуштите собата и ја исклучува сликата за да се заштеди енергија, при што звукот останува вклучен. Сликата ќе се вклучи ако се вратите, или пак телевизорот се префрлува во режим на подготвеност.
- Копчето за заштеда на енергија ја намалува потрошувачката на нула кога телевизорот не се користи. Ова е попрактична алтернатива отколку рачно да го вадите кабелот на телевизорот.
- Светлосниот сензор врши автоматско прилагодување на задното осветлување во зависност од амбиенталната светлина во собата.
- Функциите за заштеда на енергија се достапни во рамките на Eco Settings и лесно ќе можете да им пристапите преку менито на телевизорот.
*Во споредба со сличните модели од претходната година
-
Процес -
Ние постојано ги преиспитуваме производствените процеси со цел да се намали влијанието на производите врз животната средина
- Употребуваме рециклирана хартија, пластика и био-пластика секогаш кога тоа е можно; сите материјали ги задоволуваат ISO 11469 стандардите, кои се однесуваат на меѓународниот систем за рациклирање на деловите од пластика.
- Пакувањето и деловите не содржат халоген, што значи помало користење на материјали кои се штетни за околината. Пакувањето е изработено од 70% рециклирана пластика.
- Мастило без VOC за целото печатење, бесхлорна бела хартија
- Упатството за користење на телевизорот е достапно преку електронскиот водич на екранот, така што нема потреба од печатење на хартиена верзија.
- Сите делови се во согласност со RoHS (Ограничувања за опасни супстанци) регулативите.
-
Планета -
Иновативно еколошко размислување во сите делови од нашиот бизнис
- Ние се фокусираме на 3 клучни области за инвестирање: намалување на емисијата на CO2, зголемување на користењето на обновлива енергија во фабриките и деловните простории и минимизирање на ресурсите при производството.
- Се трудиме значително да ја намалиме емисијата на јаглерод преку користење на помали пакувања и поефикасни методи на транспорт, како камиони и бродови.
- Секој BRAVIA телевизор го дизајнираме така што ќе се постигне најмала потрошувачка на енергија.
- Нашите телевизори се едни од најефикасните во поглед на потрошувачката на енергија, при што додаваме нови интелигентни функции за заштеда на енергијата – кога телевизорот е вклучен, исклучен или се наоѓа во режим на подготвеност.
- Ние сме доброволен член во програмата на WWF за заштита на климатските услови и се обврзавме да ја намалиме емисијата на јаглерод диоксид за 7% до 2010.




