ПРЕТХОДЕН МОДЕЛ

KDL-40WE5B

102см /40" Full HD 1080 "еколошки" LCD телевизор со мала потрошувачка

Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.

Исклучително еколошко достигнување

Појавувајќи се на пазарот како врвен еколошки телевизор, WE5 кај вас ќе остави голем впечаток - но не и врз животната средина. Одликувајќи се со неверојатниот BRAVIA квалитет на слика и совршен дизајн со црна пијано боја, ова е нашиот "најеколошки" LCD телевизор досега.

 

Половина* енергија - двоен ефект

Еколошки, тенок и со извонреден квалитет на сликата, овој телевизор навистина е совршен. Ефикасното задно осветлување ќе ви заштеди неверојатни 50%* од потрошувачката, без компромитирање на квалитетот на сликата. Со својот современ стил и црна пијано завршница, тој ќе се вклопи елегантно во секоја просторија.

Кога нема луѓе - нема ниту слика

WE5 знае дека сте таму. Доколку ја напуштите просторијата, интелигентниот сензор за присуство автоматски ќе ја исклучи сликата заради зачувување на енергијата. Звукот сè уште ќе се емитува, а кога ќе се вратите - повторно ќе се појави и сликата. Освен тоа, копчето за заштеда на енергија ја намалува потрошувачката на речиси 0 кога телевизорот е исклучен*.

Совршена слика

Задлабочете се во динамичните сцени со извонредно остра и рамномерна слика. Доколку тоа не ви е доволно, вградената мрежа за домашна забава ќе ви овозможи да споделувате видео содржини, фотографии и музика од други уреди преку големиот екран.

Известувања и оградување од одговорност

*Во споредба со сличните LCD телевизори како W4500 серијата

*Другите телевизори продолжуваат да трошат енергија дури и кога не се користат

Повеќе информации за KDL-40WE5B

Регистрирајте се за добивање на списание

Зачленете се тука за да ги дознаете последните новости

 
My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други Sony сајтови

© 2010 Sony Central and Southeast Europe Kft.   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста