KDL-40V5500
40" (102см) Full HD 1080 BRAVIA LCD телевизор со BRAVIA ENGINE 3
Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.
Овој производ нуди: Прочитајте повеќе
Слика полна со иновации
Нашата слика со неверојатен квалитет достигнува ново динамично ниво кај V5500. Почувствувајте ја реалистичноста на прекрасните бои во Full HD, и направете домашна мрежа со сите ваши дигитални уреди, отворајќи бесконечни можности за забава. Притоа, се заштедува и енергијата.
Гледајте на поинаков начин
Погледнете ги омилените емисии со неверојатни HD детали. Како прозорец кон вашите омилени ѕвезди, овој уред ќе ве воодушеви со напредниот контраст, подобрената репродукција на бои и извонредната острина на сликата.
Уред кој го заслужува централното место
Споделувајте фотографии, музика или видео, па дури и проверете колку е часот на другата страна од светот благодарение на можностите на домашната мрежа со V5500. Освен тоа, со едно притиснување на копче вие ќе можете да изберете филмови складирани на компјутер со DLNA можности кој е сместен во друга соба, и да ги погледнете на голем екран.
Вистинска елеганција
Со нов, уште потенок и стилски "draw the LINE" концепт, овој телевизор изгледа навистина неверојатно. Дополнета со суптилната декорација на полу-огледало, завршницата со црна пијано боја нуди современ изглед за разубавување на секоја дневна соба.
Македонија





