Македонија (Промена) | Професионални производи

 

KDL-40EX1

102см / 40" тенок Full HD 1080 LCD телевизор со вградено HD безжично поврзување и дизајн на рамка за слики за елегантно поставување на ѕид

Овој производ нуди: Прочитајте повеќе

Особини KDL-40EX1

  • Одликувајќи се со стилски дизајн на рамка за слика и дебелина од само 4.95см (на најтенкото место), BRAVIA EX1 ќе изгледа одлично на вашиот ѕид
  • Уживајте во едноставното безжично поврзување помеѓу вашиот телевизор и другите HD уреди како Blu-ray Disc™ плеер, но и во вообичаените антенски преноси, со BRAVIA 1080 Wireless (трансфер до 1080i со помош на испорачаниот медиски ресивер)
  • Гледајте ги динамичните содржини, како спортските преноси и акционите филмови, со врвна рамномерност и поголема острина на деталите благодарение на Motionflow 100Hz со нашата најнова технологија Image Blur Reduction
  • Гледајте телевизија, филмови и фотографии со High Definition детали благодарение на резолуцијата 1920 x 1080
  • Кога не го користите, телевизорот претворете го во дигитална рамка за фотографии со помош на Picture Frame Mode режимот. Исполнете го просторот во дневната соба користејќи го телевизорот за прикажување на сопствена или некоја од 6-те зададени слики
  • Уживајте во неверојатно јасните и дефинирани слики со BRAVIA ENGINE 2 и напредното зголемување на контрастот
  • Добивање на реалистични и живописни бои токму онакви какви што се во природата со x.v.Colour и Live Colour Creation
  • Доколку сте љубител на филмовите тогаш ова е вистинскиот телевизор за вас - погледнете ги филмовите токму онака како што ги замислил режисерот со 24p True Cinema (влез за монитор)
  • ТВ екранот може лесно да се користи за прегледување на дигитални фотографии со USB фото прегледувачот, додека со PhotoTV HD снимките ќе можете да ги гледате со врвен High Definition квалитет
  • Нема веќе конфузни менија на екранот благодарение на едноставната навигација со XrossMediaBar™ со кој ќе можете да ги пребарувате сите ТВ функции
  • Контролирајте го комплетниот систем за домашно кино со само едно притиснување на копче на далечинскиот управувач и пристапете до менијата на компатибилните уреди како Handycam® камерите благодарение на BRAVIA Sync
  • Четири HDMI® влезови (три на медискиот ресивер, еден страничен на телевизорот, сите со CEC) кои ќе ви го олеснат поврзувањето на High Definition изворите како Blu-ray Disc™ и PLAYSTATION®3 (поддршка на безжичен трансфер кон телевизорот до 1080i)
  • Вклучен RF далечински управувач кој ќе ви овозможи контрола врз телевизорот и поврзаните уреди без потреба од насочување на управувачот директно кон телевизорот
  • Почувствувајте ги ефектите на дигиталниот опкружувачки звук со нашата напредна S-Force технологија на преден опкружувачки звук
  • Менувајте ја јачината на дијалозите без да ја менувате јачината на звукот во заднина со помош на зумирање на говор
  • Гледајте ги бесплатните HD и SD антенски и кабелски преноси со помош на вградениот MPEG-4 AVC приемник (исто така и аналоген прием)*
  • Гледајте дигитална телевизија со вградениот дигитален антенски приемник со стандардна дефиниција (MPEG-2, исто така и аналоген прием)
  • Гледајте кабелска телевизија со вградениот дигитален кабелски приемник (во зависност од земјата и само кај операторите со поддршка)
  • Достапен за продажба од октомври 2008
  • Регистрирањето на вашиот BRAVIA телевизор е навистина едноставно, затоа направете го тоа уште денес и станете My Sony член
  • * Sony HDTV приемникот е усогласен со DVB-T и DVB-C HD спецификациите за емитување кои тековно се имплементирани во повеќе европски земји. Ве молиме распрашајте се кај вашиот продавач околу состојбата во вашата земја

Ве молиме да имате предвид дека карактеристиките/спецификациите можат да бидат различни за различни земји.

 

Повеќе информации за KDL-40EX1

Регистрирајте се за добивање на списание

Зачленете се тука за да ги дознаете последните новости

 
My Sony

My Sony: