DCR-SX65E
SX65E Видео камера со стандардна дефиниција и флеш меморија
Тенка, лесна и практична видео камера со неверојатно моќен зум
Речиси 3ч. на меморијата од 4GB, Carl Zeiss® 60x оптички зум / 70x продолжено зумирање, LCD екран од 7,5cm/3", iAUTO
- Извонредно моќен продолжен зум до 70x
- SteadyShot активен режим за стабилни рачни снимки
- Интелигентен автоматски режим за одлични резултати во секакви сцени
Забавно, едноставно снимање со неверојатно моќен зум
Лесна, практична и компактна видео камера која се одликува со висококвалитетен Carl Zeiss објектив со моќен опсег на зумирање за доближување на далечните објекти. Снимање на остри видео снимки со стерео звук на внатрешната меморија од 4GB. Уживајте во едноставно вчитување на интернет со испорачаниот PMB софтвер.

Најблиско приближување досега
Исто како да имате телескоп на вашата видео камера. Извонредно моќниот продолжен зум го засилува зголемувањето до огромен опсег од 70x. Тоа е и повеќе од доволно за приближување на далечните објекти со извонредни детали и јасност.

Мали и лесни за врвна преносливост
Благодарение на компактните димензии и малата тежина вие ќе можете да ја сместите видео камерата во вашиот џеб или торба: така ќе можете насекаде да ја носите со вас.

Едноставно споделување
Не чувајте ги одличните спомени во вашата видео камера. Вградениот USB приклучок го олеснува поврзувањето со PC, без потреба од кабли. Софтверот PMB Portable во Handycam® автоматски се активира за брзо вчитување на интернет без напор.

Зачувајте ги вашите спомени
Зошто да не ги зачувате спомените на DVD диск за безбедно чување и споделување со пријателите? Тоа лесно можете да го направите со снимачот на дискови DVDirect Express со неверојатна брзина. Како алтернатива, Handycam® овозможува префрлување на снимениот материјал директно на надворешен хард диск... без потреба од PC.

Повеќе забава со вашата видео збирка
Организирањето на вашите видео снимки и фотографии на компјутерот е едноставно со помош на испорачаниот софтвер Picture Motion Browser. Пребарувајте ги сите ваши видео записи и слики. Снимете ги на диск, испратете ги преку e-mail на пријателите или вчитајте ги на друштвените веб-сајтови.




