ПРЕТХОДЕН МОДЕЛ Модел: 

DCR-SX73E

SX73 Видео камера со стандардна дефиниција и флеш меморија

Одлична SD слика со голем зум и бројни функции

До 11ч. видео на внатрешна меморија од 16GB, 25x оптички зум, SteadyShot, iAUTO, CD екран од 6.7см

Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.

  • Голема внатрешна меморија за подолго снимање
  • Снимање со висок квалитет при слаба осветленост со Exmor R™
  • Приближете се со моќниот оптички зум од 25x

Стандардна дефиниција со извонреден квалитет

Складирање на речиси 12 часа остро видео со стандардна дефиниција на внатрешна меморија и повеќе на опционална мемориска картичка. Мала тежина, компактни димензии и едноставно користење, со висококвалитетна оптика, моќна обработка и интелигентни функции за снимање и уживање во забавните моменти.

 

Недоволна светлина - нема проблеми!

Многу видео камери имаат потешкотии при слаба осветленост, прикажувајќи нејасна "зрнеста" слика. Чувствителниот Exmor R™ CMOS сензор го намалува шумот на сликата за добивање на појасна слика. Во комбинација со моќниот BIONZ процесор вие ќе добиете одлични резултати при слаба светлина, затемнети ентериери или во самрак.

Дознајте повеќе за Exmor R™ CMOS сензорот

Пешачење. Зумирање. Стабилност: Уште постабилни сликиБез тресење

Заматеноста на сликата која е предизвикана од тресењето на рацете е едeн од најчестите проблеми при снимањето без статив. SteadyShot активниот режим ги задржува сликите јасни и стабилни, нудејќи до 10x поголема стабилизација при широкоаголни поставувања.

Сè ви е прилагодено

Не е лесно да се знаат правилните поставувања на видео камерата за одредена сцена. Интелигентниот AUTO (iAUTO) режим ги отфрла препоставките, избирајќи помеѓу 90 различни комбинации на откривање на лице, ситуации за снимање (рачно или со статив) и видови на сцени. Потоа, Handycam® видео камерата ги прилагодува сите параметри за јасни и задоволувачки резултати.

Природен изглед на лицата при секој обид

Лицата може да изгледаат затемнето и со недоволна експозиција во ситуациите со силно задно осветлување, како кај сцените на плажа. Исто така, кога снимате во затворени простории постои ризик тонот на кожата да добие неприродна боја. Видео камерата врши фино пролагодување на фокусот, експозицијата и тонот на кожата за добивање на природен изглед на лицата.

Едноставно преснимување на интернет со PMB

Не задржувајте ги специјалните моменти само за вас: споделувањето видео клипови и дигитални фотографии на интернет никогаш не било поедноставно. PMB софтверот, кој се испорачува со вашата видео камера, ви овозможува да ги пребарувате, управувате и избирате вашите омилени спомени за брзо и практично преснимување на популарни веб-страници за споделување како YouTube™ Daily Motion и Facebook.

Повеќе информации за DCR-SX73E

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста