DCR-SR58E
SR58 Видео камера со стандардна дефиниција со хард диск
Лесна, компактна и со извонредно долго снимање: едноставно снимање со моќен зум
SD на 80GB HDD, 60x оптички зум, LCD екран од 6.7см, SteadyShot, функција за откривање на лице
Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.
- Долго снимање на внатрешен HDD
- Ултра моќен оптички зум од 60x
- Функција за откривање на лице за совршен приказ на ликовите
Забавно, едноставно снимање со моќен зум
Долго снимање со многу лесно и компактно тело: остар видео квалитет на вградениот HDD и опционална мемориска картичка. Забавно и едноставно снимање со моќниот оптички зум од 60x и многу други интелигентни функции за споделување и уживање во вашите снимки.

Подобри слики при слаба осветленост
Снимањето при слаба осветленост е вистински предизвик за вашата видео камера: често резултира со разочарувачки, зрнести слики расипани од шумот. Нудејќи подобрена чувствителност во споредба со претходните модели, новиот CCD сензор поефикасно ја снима светлината за добивање почисти, подобри слики при слаба осветленост.

Приближете се поблиску од кога било
Ќе помислите дека видео камерата е опремена со телескоп. Неверојатниот зум од 50x ќе ви овозможи да го исполните кадарот со објектите на голема оддалеченост. Вие никогаш досега не сте виделе толку моќно зголемување.

Природен изглед на лицата при секој обид
Лицата може да изгледаат затемнето и со недоволна експозиција во ситуациите со силно задно осветлување, како кај сцените на плажа. Исто така, кога снимате во затворени простории постои ризик тонот на кожата да добие неприродна боја. Видео камерата врши фино пролагодување на фокусот, експозицијата и тонот на кожата за добивање на природен изглед на лицата.

Осветлете го вашиот објект
Не заостанувајте во темнината. Видео светлото го осветлува вашиот објект за одлични резултати кога снимате при слаба осветленост на забави, во затворени простории или ноќни сцени.
Едноставно преснимување на интернет со PMB
Не задржувајте ги специјалните моменти само за вас: споделувањето видео клипови и дигитални фотографии на интернет никогаш не било поедноставно. PMB софтверот, кој се испорачува со вашата видео камера, ви овозможува да ги пребарувате, управувате и избирате вашите омилени спомени за брзо и практично преснимување на популарни веб-страници за споделување како YouTube™ Daily Motion и Facebook.




