ПРЕТХОДЕН МОДЕЛ Модел: 

DCR-SR57E

SR57 Видео камера со стандардна дефиниција со хард диск

Мала тежина и компактни димензии, со исклучително долго време на снимање, опкружувачки звук и моќен зум

До 61ч. на 80GB HDD, 2.7-инчен LCD екран, индекс на ликови

Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.

  • Екстремно долго време за снимање
  • Со моќниот 60x оптички зум - "сè поблиску"
  • 5.1 опкружувачки звук

Моќни и практични функции за снимање

Мала тежина и компактни димензии со моќен 60x оптички зум. Одличен видео квалитет на хард диск од 80GB. 5.1 опкружувачки звук, SteadyShot и индекс на ликови за едноставно пребарување. Едноставно преснимување на интернет со испорачаниот PMB софтвер.

 

Приближете се поблиску од кога било

Ќе помислите дека видео камерата е опремена со телескоп. Неверојатниот зум од 50x ќе ви овозможи да го исполните кадарот со објектите на голема оддалеченост. Вие никогаш досега не сте виделе толку моќно зголемување.

Приближете се добивајќи извонреден звук

Вие сигурно нема да сакате вниманието да ви биде одвлечено од гласовите во заднината, звуците од лисјата и другите шумови додека се фокусирате на вашиот објект. Овој интелигентен микрофон врши зумирање на звукот истовремено со зумирањето на сликата, така што вие ќе можете да ја видите и чуете саканата сцена одблиску.

Секогаш подготвени

На сите ни е позната фрустрацијата при подготовката на видео камерата кога ќе се случи некој редок настан… Магичните моменти обично ги пропуштаме. Само отворете го LCD екранот и за дел од секундата вие ќе бидете подготвени за снимање. Трошењето на батеријата во режим на подготвеност е извонредно мало, така што вие секогаш ќе бидете подготвени да ги снимите посебните моменти.

Повеќе забава со вашата видео збирка

Организирањето на вашите видео снимки и фотографии е едноставно со помош на Picture Motion Browser софтверот за PC, кој бесплатно се испорачува со видео камерите. Подредувајте и пребарувајте ги вашите видео записи и фотографии за неверојатно брзо време. Со само неколку кликнувања вие ќе можете да ги снимите содржините на диск, да ги испратите преку e-mail до пријателите или да ги преснимите на веб-сајтовите за споделување.

Брзо снимање на резервна копија

По снимањето, вие ќе можете брзо и лесно да ги префрлите содржините на DVD заради безбедно чување и споделување. Поврзете го компактниот VRD-P1 DVDirect Express уред и преснимете ги спомените со голема брзина.

Повеќе информации за DCR-SR57E

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста