- НА ПОЧЕТОК
- > Сите Sony производи
- > Преносливи аудио уреди
- > WALKMAN® MP3 и MP4 видео
- > Z серија
- > NWZ-Z1050
Модел:
NWZ-Z1050
NWZ-Z1050 WALKMAN® со 16GB кој работи на Android™
За љубителите на музика, од љубителите на музика
Неверојатен звук, xLOUD систем на звучници, безжично поврзување, екран на допир од 10,9см (4,3"), Android™
- Извонреден звук од Sony, за во уво и за гласна репродукција
- Префрлувајте содржини на други уреди кои нудат компатибилност со DLNA
- Погледнете повеќе на големиот екран на допир со мал степен на одблесоци
ОсобиниNWZ-Z1050
- Извонреден квалитет на звук од Sony - S-Master MX засилувач, Clear Audio технологии (VPT, Clear Stereo, Clear Bass, Clear Phase, Dynamic Normaliser, DSEE), EX слушалки
- Репродуцирајте гласна музика - Споделувајте ја вашата музика без надворешни звучници на едноставен начин, благодарение на иновативниот xLOUD систем на звучници и уникатната форма на куќиштето
- Лесно поврзување, едноставно споделување - Префрлувајте содржини на други уреди кои се компатибилни со DNLA; ви нудиме и HDMI излез за HD видео, како и безжично поврзување преку Bluetooth®
- Голем, прекрасен екран на допир - Сите апликации, видео снимки и игри изгледаат извонредно на екранот на допир од 10,9см (4,3”) со брз одзив и мал степен на одблесоци.
- Богати апликации - Извлечете повеќе од вашата музика, со помош на уникатните вградени аудио и визуелни апликации од Sony, како и апликациите од Android™ Market
- Компатибилност со SEN Music Unlimited* - Добијте пристап до милиони песни за неколку секунди преку услугата со претплата Music Unlimited – која ви ја нуди Sony Entertainment Network.
- Интуитивно копче W - Директен пристап и контрола на вашата музика - дури и кога екранот е заклучен или WALKMAN® плеерот е во вашиот џеб.
- Уникатен дизајн за едноставно држење - Удобно изработеното куќиште е идеално за уживање во видео снимки и игри - како и за подобрување на звукот од xLOUD системот на звучници
- G-сензор - Додадете дополнителна димензија на игрите, видео снимките и сликите со вградениот G сензор кој реагира на вашите движења
- Тематски музички канали SensMe™ - Дозволете му на WALKMAN® да ја избере вашата музика - SensMe™ ја анализира и подредува вашата музика во канали кои ќе одговараат на вашето расположение
- Прекрасни визуелни ефекти на екранот - Уникатниот приказ на насловни страни го прави пронаоѓањето на вашата омилена музика забавно и едноставно; разнобојни визуелни ефекти кои ќе го осветлат вашиот ден
- Забавувајте се со текстот од песните - Пејте заедно со фајловите со синхронизиран текст кои се репродуцираат истовремено со песната
- Безжично поврзување преку Bluetooth™ - Уживајте во безжичното слушање со Bluetooth™ слушалки; поврзете го WALKMAN® со други компатибилни уреди како стерео уред за автомобил или Hi-Fi систем
- NVIDIA® Tegra™ 2 процесор со голема брзина - Моќниот процесор од 1GHz обезбедува брз пристап на интернет, вклучувајќи и веб-сајтови со Flash анимации.
- 16GB меморија - Складира приближно 3.250 песни (песни од 4 минути снимени во MP3 формат со 128kbps)
- * - Не е достапно на сите пазари. Погледнете на www.munlimited.com/legal
Ве молиме имајте во предвид дека нашата галантерија е специфична за секој модел и спецификациите може да бидат различни во зависност од земјата.




