ПРЕТХОДЕН МОДЕЛ

NWZ-X1050

16GB (4.000 песни, 60ч видео) Walkman® MP3/MP4 плеер, со 3" OLED екран на допир и вградено дигитално поништување на шумот. S-Master дигитален засилувач, DSEE и повеќе Clear Audio технологии за добивање на плеер со досега најдобар звук

16GB видео MP3 Walkman® со OLED 3" екран на допир

Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.

WALKMAN® со најдобар звук

Одликувајќи се со 3-инчен OLED екран на допир, Wi-Fi и вградено дигитално поништување на шумот (до 98%), X серијата на Walkman® ви нуди повеќе врвни функции. Исто така ова се првите MP3 плеери со технологија на S-Master дигитален засилувач, за неверојатен звук со висок квалитет.

 

Доживејте ја музиката со врвен квалитет

Вие ќе добиете врвен квалитет на звукот со вашиот WALKMAN® благодарение на три вградени аудио технологии: Clear Stereo, Clear Bass и DSEE дигитално подобрување на звукот. Технологиите се дизајнирани за да работат во меѓусебна хармонија, постигнувајќи звук кој ќе биде колку е можно поблиску до оригиналот.

Неверојатна видео репродукција

OLED екранот во боја ви нуди извонредно остра и осветлена видео репродукција со неверојатно јасна и детална слика. Благодарение на 10000:1 соодносот на контрастот, поширокиот агол на гледање (до 180 степени) и извонредно брзото време на одзив (0.1ms) вие ќе добиете неверојатна слика, дури и кај динамичните сцени

Пристап до podcast и интернет без PC

Со вградената Wi-Fi® технологија вие ќе можете да пребарувате на интернет и да се регистрирате за podcast содржини на секое место покриено со мрежа. Посетете го омилениот podcast веб-сајт и регистрирајте се директно од вашиот WALKMAN® преку RSS копчето, или пристапувајте на музичките, видео и останатите содржини од други веб-сајтови.

Изберете како ги контролирате содржините

Хибридниот интерфејс со користење на екранот на допир или копчињата ви овозможува едноставна контрола врз вашиот WALKMAN® - без разлика дали тој се наоѓа во вашата рака или во џебот. Пребарувајте ја целата мултимедијална збирка со допирање на екранот, или пристапете до музиката, видео содржините и фотографиите преку интелигентните копчиња - изборот е ваш!

Повеќе информации за NWZ-X1050

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста