NWZ-S545

Првиот Walkman® видео MP3 плеер со вградени стерео звучници: Споделете ја музиката насекаде

16GB, вградени стерео звучници, 2.4" LCD екран во боја и FM радио

Награди и написи

Прочитајте повеќе

Произведени за споделување на музика

Нашите први видео MP3 плеери со вградени стерео звучници - WALKMAN® уредите од S серијата ќе ви овозможат да ја споделите музиката со пријателите и да користите FM радио. Големиот 2.4” QVGA LCD екран во боја ви нуди извонредно остро видео, фотографии и насловни страни на албуми - во широк формат.

 

Без ограничувања со отворениот формат

Отворениот формат значи дека без разлика каде е складирана вашата музика, или каков е нејзиниот формат (WMA, MP3 и AAC (само не-DRM)), вие ќе можете да ја преснимите целата ваша збирка на вашиот WALKMAN® со обично повлекување од Windows Media®™ Player 11, iTunes® или Windows Explorer. Навистина е лесно!

Доживејте ја музиката со врвен квалитет

Вие ќе добиете врвен квалитет на звукот со вашиот WALKMAN® благодарение на три вградени аудио технологии: Clear Stereo, Clear Bass и DSEE дигитално подобрување на звукот. Технологиите се дизајнирани за да работат во меѓусебна хармонија, постигнувајќи звук кој ќе биде колку е можно поблиску до оригиналот.

Поголем избор за слушање со FM

Вградениот FM приемник ќе ви овозможи да избирате помеѓу музичките и видео збирките и омилените радио програми. Благодарение на 30-те мемориски места за станици, вие ќе можете да уживате во сите најдобри и омилени станици - добивајќи уште поголем избор за слушање.

Вградено снимање на говор и FM радио

Кога сакате да снимите белешки, или пак омилената радио емисија, допрете на функцијата за снимање на говор со вградениот микрофон и вашиот WALKMAN® ќе го заврши потешкиот дел од задачата за вас. Снимајте го говорот во моно формат и потоа репродуцирајте го кога ќе посакате.

Повеќе информации за NWZ-S545

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста