- НА ПОЧЕТОК
- > Сите Sony производи
- > Преносливи аудио уреди
- > WALKMAN® MP3 и MP4 видео
- > E серија
- > NWZ-E444K
Музика и видео без прекин
Извонредниот звук и видеото придонесуваат уредите од E серијата на Walkman® да бидат идеални за љубителите на филмовите и музиката. Clear Audio технологиите нудат најчиста репродукција која е верна на оригиналот. Вие ќе можете да ги слушате омилените песни подолго со траење на батеријата од 30ч.

Без ограничувања со отворениот формат
Отворениот формат значи дека без разлика каде е складирана вашата музика, или каков е нејзиниот формат (WMA, MP3 и AAC (само не-DRM)), вие ќе можете да ја преснимите целата ваша збирка на вашиот WALKMAN® со обично повлекување од Windows Media®™ Player 11, iTunes® или Windows Explorer. Навистина е лесно!

Доживејте ја музиката со врвен квалитет
Вие ќе добиете врвен квалитет на звукот со вашиот WALKMAN® благодарение на три вградени аудио технологии: Clear Stereo, Clear Bass и DSEE дигитално подобрување на звукот. Технологиите се дизајнирани за да работат во меѓусебна хармонија, постигнувајќи звук кој ќе биде колку е можно поблиску до оригиналот.

Најголема издржливост на батериите
Траењето на батеријата кај WALKMAN® уредите е многу понапред во однос на конкуренцијата, така што вие ќе можете да слушате и гледате многу подолго. Благодарение на репродукцијата на музика од 30 часа, и 10 часа за видео, вие ќе се ослободите од грижите околу дополнувањето без разлика дали се наоѓате во вашиот дом, во автомобилот или сте излезени.

Преснимување содржини со повлекување
Преснимувањето видео и музика со обично повлекување кон вашиот WALKMAN® е навистина лесно и вие ќе ја префрлите вашата збирка за неколку секунди. Со користење на Windows Media® Player 11®, iTunes® или Windows Explorer лесно ќе можете да ги организирате вашите листи за репродукција и да ги префрлувате фајловите. Едноставно преснимете ги фајловите со повлекување и уживајте.

Вградено снимање на говор и FM радио
Кога сакате да снимите белешки, или пак омилената радио емисија, допрете на функцијата за снимање на говор со вградениот микрофон и вашиот WALKMAN® ќе го заврши потешкиот дел од задачата за вас. Снимајте го говорот во моно формат и потоа репродуцирајте го кога ќе посакате.




