HDR-HC9E
HC9 Full HD видео камера со лента
Многу висок квалитет на видео и фотографии, плус напредни рачни функции
Full HD на лента, 6MP фотографии, 10x опт. зум, 2.7" LCD екран
Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.
- Блескави HD видео снимки на касета
- Carl Zeiss® оптика со извонреден квалитет
- Напредни рачни функции
HD квалитет плус сигурност на лентите
Многу висок квалитет на видео и фотографии, плус напредни рачни функции. HD 1080 снимање на достапните DV ленти, со ClearVid CMOS сензор и оптичка SteadyShot стабилизација на сликата.

Камера и фото апарат во еден уред
Дали некогаш сте посакале со себе да имате и фото апарат додека снимате видео? Снимајте видео содржини, но и остри фотографии со висока резолуција. Ќе можете дури и да снимате фотографии без да го прекинувате снимањето видео: едноставно притиснете го копчето за бленда додека трае снимањето.

Целосна контрола
Доколку имате сериозни намери да снимите видео ремек-дело, од суштинско значење е да ги максимизирате вашите креативни опции. Рачните контроли ви овозможуваат да ги обликувате снимките токму онака како што ќе посакате, со прецизно прилагодување на експозицијата, балансот на белата боја и другите параметри.

HD квалитет на достапните ленти
Многу видео ентузијасти и професионални програмери сè уште ги користат достапните, практични и сигурни ленти. Снимајте извонредни 1080 HD содржини на евтините HDV ленти: на располагање ви стои голем избор на популарни решенија за уредување заради добивање на совршени резултати.

Повеќе забава со вашата видео збирка
Организирањето на вашите видео снимки и фотографии е едноставно со помош на Picture Motion Browser софтверот за PC, кој бесплатно се испорачува со видео камерите. Подредувајте и пребарувајте ги вашите видео записи и фотографии за неверојатно брзо време. Со само неколку кликнувања вие ќе можете да ги снимите содржините на диск, да ги испратите преку e-mail до пријателите или да ги преснимите на веб-сајтовите за споделување.




