HDR-XR550VE
XR550V Full HD видео камера со хард диск
Врвна Full HD слика со најнова технологија и интелигентни функции
До 101ч. Full HD на вграден HDD од 240GB, шир. објектив, 10x опт. зум, 12MP фотографии, LCD од 8.8см
Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.
- Снимање со многу висок квалитет при слаба осветленост со Exmor R™
- Широкоаголен објектив за опфаќање на повеќе содржини во сликата
- Целосна опременост, перформанси од врвна класа
Досега најфините Full HD слики
Почувствувајте ги неверојатните перформанси на сликата, со до 101 час Full HD снимање на вграден HDD од 240GB и повеќе на опционална мемориска картичка. Со напредни оптички технологии и напредни кориснички функции за снимање на прекрасни видео записи и фотографии со врвни детали.

Недоволна светлина - нема проблеми!
Многу видео камери имаат потешкотии при слаба осветленост, прикажувајќи нејасна "зрнеста" слика. Чувствителниот Exmor R™ CMOS сензор го намалува шумот на сликата за добивање на појасна слика. Во комбинација со моќниот BIONZ процесор вие ќе добиете одлични резултати при слаба светлина, затемнети ентериери или во самрак.

Внесете повеќе содржини во секоја сцена
Сега може да бидете сигурни дека никој нема да биде изоставен од сликите на забавите, родендените и другите посебни настани. Висококвалитетниот G објектив во Handycam® камерата од Sony сега се одликува со подобрени широкоаголни перформанси, кои му овозможуваат снимање на 2x поголема површина на слика отколку претходните модели.

Пешачење. Зумирање. Стабилност: Уште постабилни слики
Заматеноста на сликата е едeн од најчестите проблеми при снимањето без статив. Новиот оптички SteadyShot активен режим обезбедува најдобра "3-начинска" корекција на тресењето на фото апаратот при целиот опсег на зумирање, дури и кога пешачите. При широкоаголно снимање, вие ќе добиете до десет пати подобри перформанси во однос на тресењето.
Целосна контрола
Потрудете се вашите видео записи навистина да се разликуваат од останатите. Тука се и копчето за рачно поставување за дополнителна креативна контрола, големиот XtraFine LCD екран и визирот за прецизно обликување на кадарот, и надворешниот влез за микрофон за уште подобар звук.

Слика со најдобар Full HD квалитет досега
Повеќе битови во секоја слика овозможуваат подобри слики. За продукции кај кои е важен квалитетот, новиот FX режим снима видео со извонредни детали и резолуција од 1920x1080/50i при 24Mbps – највисоката бит-стапка одредена со AVCHD форматот.




