Модел: 

HDR-XR160E

XR160E Full HD видео камера со хард диск

Практична Full HD видео камера со висококвалитетни слики и моќен зум

До 67ч. Full HD на хард диск од 160GB, широкоаголен објектив, 30x оптички зум, 3,3MP фотографии, LCD екран од 7,5см/3", iAUTO

  • Снимање со висок квалитет при слаба осветленост со Exmor R™
  • Моќен зум кој ќе ве приближи до случувањата
  • Исклучително долго време на снимање

Full HD снимање со многу едноставни функции

Уживајте до 67 часа Full HD снимање на хард диск од 160GB. Лесна и практична за носење, таа располага со интелигентни и едноставни функции за снимање, споделување и уживање на остри HD видео снимки и фотографии.

 

Најдобри Full HD слики

Преминете на најрамномерните и најдеталните видео слики кои досега сте ги виделе кај некоја видео камера. Новиот режим 1920x1080/50p снима со многу висока стапка на слики во прогресивен режим, доловувајќи 50 Full HD слики во секунда за резултати со дополнителна јасност.

Пешачење. Зумирање. Стабилност: Уште постабилни слики

Заматеноста на сликата е едeн од најчестите проблеми при фотографирање без статив. Новиот оптички SteadyShot активен режим обезбедува најдобра "3-начинска" корекција на тресењето на фото апаратот при целиот опсег на зумирање, дури и кога пешачите.

Недоволна светлина - нема проблеми!

Многу видео камери имаат потешкотии при слаба осветленост, прикажувајќи нејасна зрнеста слика. Исклучително чувствителниот Exmor R™ CMOS сензор го намалува шумот на сликата за добивање на појасна слика. Во комбинација со моќниот BIONZ процесор ќе добиете одлични резултати во затемнети ентериери или во самрак.

Внесете повеќе содржини во секоја сцена

Бидете сигурни дека никој нема да биде изоставен од сликите на забавите, родендените и другите посебни настани. Висококвалитетниот G објектив од Sony се одликува со подобрени широкоаголни перформанси, кои му овозможуваат снимање на поголема површина на слика без потреба да се оддалечувате наназад.

Едноставно споделување

Не чувајте ги одличните спомени во вашата видео камера. Вградениот USB приклучок го олеснува поврзувањето со PC, без потреба од кабли. Софтверот PMB Portable во Handycam® автоматски се активира за брзо вчитување на интернет без напор.

Повеќе информации за HDR-XR160E

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста