HDR-XR155E
XR155 Full HD видео камера со хард диск
Едноставно и забавно користење, но сепак со висококвалитетна Full HD слика, во компактно тело
До 50ч. Full HD на 120GB HDD, Carl Zeis објектив со 25x оптички зум, iAUTO, LCD екран од 6.7см
Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.
- Мала тежина, компактни димензии и Full HD снимање
- Снимање со висок квалитет при слаба осветленост со Exmor R™
- 25x оптички зум со SteadyShot активен режим
Full HD квалитетот сега е реалност за секого
Многу мала тежина, компактни димензии и едноставно користење, со одличен квалитет на видео и фотографии, дури и при мала осветленост. До 50 часа Full HD снимање на вграден HDD од 120GB и повеќе на опционална мемориска картичка. SteadyShot активен режим и iAUTO за прекрасни снимки без напор.

Недоволна светлина - нема проблеми!
Многу видео камери имаат потешкотии при слаба осветленост, прикажувајќи нејасна "зрнеста" слика. Чувствителниот Exmor R™ CMOS сензор го намалува шумот на сликата за добивање на појасна слика. Во комбинација со моќниот BIONZ процесор вие ќе добиете одлични резултати при слаба светлина, затемнети ентериери или во самрак.
Пешачење. Зумирање. Стабилност: Уште постабилни сликиБез тресење
Заматеноста на сликата која е предизвикана од тресењето на рацете е едeн од најчестите проблеми при снимањето без статив. SteadyShot активниот режим ги задржува сликите јасни и стабилни, нудејќи до 10x поголема стабилизација при широкоаголни поставувања.

Сè ви е прилагодено
Не е лесно да се знаат правилните поставувања на видео камерата за одредена сцена. Интелигентниот AUTO (iAUTO) режим ги отфрла препоставките, избирајќи помеѓу 90 различни комбинации на откривање на лице, ситуации за снимање (рачно или со статив) и видови на сцени. Потоа, Handycam® видео камерата ги прилагодува сите параметри за јасни и задоволувачки резултати.

Слика со најдобар Full HD квалитет досега
Повеќе битови во секоја слика овозможуваат подобри слики. За продукции кај кои е важен квалитетот, новиот FX режим снима видео со извонредни детали и резолуција од 1920x1080/50i при 24Mbps – највисоката бит-стапка одредена со AVCHD форматот.

Побрз и попрецизен автоматски фокус
AF перформансите сега се 2x побрзи отколку кај претходните модели за добивање брз, остар фокус - дури и кога снимате при мала осветленост.




