ПРЕТХОДЕН МОДЕЛ

HDR-SR12E

Извонреден квалитет на сликата, исклучително долго време на снимање и напредни функции

До 48ч. Full HD на 120GB HDD, 12x оптички зум, 10MP фотографии

Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.

HD квалитет плус моќни функции

Извонреден квалитет на сликата, елегантен изглед и напредни функции. Исклучително долго Full HD снимање на внатрешен хард диск од 120GB, Carl Zeiss Vario-Sonnar T* објектив, 5.1 опкружувачки звук и функција за откривање на лице.

 

Најприродни бои кои сте ги виделе досега

Некои видео камери имаат потешкотии да генерираат богати бои со природен изглед. x.v.Colour врши мимика на карактеристиките на човечкото око, драстично проширувајќи ја палетата на бои со реалистична и живописна сина, црвена и зелена боја.

Извонреден опкружувачки звук

Опкружувачкиот звук внесува дополнителна реалистичност кај вашите видео снимки, слично како во кината. 5.1-каналното снимање нуди чист аудио запис, кој ќе звучи одлично на вашиот систем за домашно кино. Најдобро од сè, не ви се потребни дополнителни микрофони или кабли: сè е вградено во видео камерата.

Природен изглед на лицата при секој обид

Лицата може да изгледаат затемнето и со недоволна експозиција во ситуациите со силно задно осветлување, како кај сцените на плажа. Исто така, кога снимате во затворени простории постои ризик тонот на кожата да добие неприродна боја. Видео камерата врши фино пролагодување на фокусот, експозицијата и тонот на кожата за добивање на природен изглед на лицата.

Пронајдете ги саканите снимки

Наоѓањето на одредена сцена во повеќечасовниот видео материјал на камерата воопшто не е лесно. Индексот на ликови ќе ви помогне брзо да ги најдете сцените кои содржат човечки лица. Индексот на тек на филм врши поделба на долгите сцени во покуси ‘поглавја’, за побрзо и полесно наоѓање на саканиот момент.

Повеќе забава со вашата видео збирка

Организирањето на вашите видео снимки и фотографии е едноставно со помош на Picture Motion Browser софтверот за PC, кој бесплатно се испорачува со видео камерите. Подредувајте и пребарувајте ги вашите видео записи и фотографии за неверојатно брзо време. Со само неколку кликнувања вие ќе можете да ги снимите содржините на диск, да ги испратите преку e-mail до пријателите или да ги преснимите на веб-сајтовите за споделување.

Повеќе информации за HDR-SR12E

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста