DAV-F200

Компактен и елегантен 2.1-канален систем за домашно кино кој може да се постави на маса, полица или на ѕид. Подобрување на сликата со зголемување на резолуцијата во 1080p при поврзување преку HDMI™. S-Force преден опкружувачки звук за добивање на моќност од 405W без користење на бројни звучници.

Гледајте ги вашите DVD дискови во Full HD

Извлечете максимум од вашата DVD колекција - и уживајте во филмовите во Full HD резолуција, со 1080p зголемување на резолуцијата. Уживајте во едноставното поставување и контрола со еден допир, заедно со неверојатниот квалитет на звук од S-Master дигиталниот засилувач

 

Едноставна, вградена контрола

BRAVIA Sync ќе ви овозможи да го контролирате Blu-ray Disc™ плеерот, користејќи го само далечинскиот управувач. Нашата уникатна технологија неверојатно го олеснува поврзувањето на вашиот плеер со Sony телевизор или систем за домашно кино; потоа опуштете се и гледајте филм со едноставно притиснување на копчето за репродукција на BRAVIA далечинскиот управувач.

Опкружувачки звук со само два звучници

Дигиталната S-Force технологија овозможува креирање на виртуелен опкружувачки звук без потреба од задни звучници. На тој начин добивате 2.1-канален систем со огромно 5.1-канално доживување - и сето тоа со два компактни сателитски звучници, без разлика дали ќе бидат прикриени или поставени на видно место.

Уживајте во вашата DVD колекција со подобрен квалитет

Гледајте ја целата колекција од DVD дискови со стандардна дефиниција со подобрен HD квалитет. Системот за домашно кино ја зголемува резолуцијата на DVD дисковите сè до 1080p резолуција - така што филмовите кои со години не сте ги гледале ќе добијат нова енергија.

Филмови кои изгледаат и звучат како што треба

Технологијата за виртуелен 7.1-канален опкружувачки звук ви овозможува да уживате во природниот HD звук без дополнителни звучници. А технологијата Digital Cinema Sound, развиена од Sony Pictures, ви нуди вистинско доживување како во кино преку создавање на истата опкружувачка сензација како во вистинско кино.

Повеќе информации за DAV-F200

Регистрирајте се за добивање на списание

Зачленете се тука за да ги дознаете последните новости

 
My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста